img
  • 16. Септември 2025 13:12

Загадување на воздухот

Воздухот се смета за загаден кога во него се испуштаат штетни материи, кои го намалуваат неговиот квалитет. Насекаде околу нас во градовите, може да се забележи загадување кое доаѓа од согорување фосилни горива, сообраќај, градежништво, печки на јаглен и дрва...
При експериментите во работилниците на Мрежата за искуствено учење, учениците користат предмети кои може да се најдат во нашето секојдневие, за во контролирани услови да создадат загадување на воздухот, кое потоа самите го мерат. На фотографијата, во експериментот за создавање на смог во тегла, ученичките сами го мерат нивото на штетни честички во воздухот, преку апликацијата создадена специјално за работилниците на Мрежата за искуствено учење.
На овој начин, тие од најрана возраст ја согледуваат моќта на човекот да влијае врз квалитетот на воздухот - било да е тоа во насока кон загадување или кон негово прочистување.
За подобра иднина се потребни подобро едуцирани генерации, кои ќе бидат свесни за опасноста која загадениот воздух ја предизвикува. Таквите генерации бескомпромисно ќе се борат за крај на аерозагадувањето.