Проектот „Воспоставување мрежа за искуствено учење и спроведување на годишна програма за едукација за животната средина и климатски промени“ започна во 2022 гордина. Во рамките на овој проект е формирана Мрежа за искуствено учење.
Мрежата за искуствено учење (МИУ) обединува повеќе научно-едукативни институции, кои делуваат во областите на природните науки, и креира и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во Република Северна Македонија. Овие активности ќе обезбедат поддршка на формалниот образовен процес, и се изработени согласно постоечките образовни програми за ученици од различни возрасти од основно и средно образование.
МИУ од 2023 година започна и со спроведување на програмата за Квалитет на воздух. Партнерските организации (основачки членки) на МИУ се следните научно-едукативни институции: