Зборуваме со бројки

Инвестираме во иднината
на младите

Мрежата за искуствено учење (МИУ) е заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во РСМ. Во фокусот на овој потфат од национално значење се популаризација на природните науки, кревање на свесноста за важноста на заштитата на животната средина и намалување на влијанието на климатските промени човекот врз природата.

img

4683

ученици
img

144

училишта
img

145

работилници
img

7

партнери
Мрежа за искуствено учење

Придружете ни се во нашата мисија за популаризација на науката, заштита на животната средина и борба против климатските промени!

img

Едукативна програма

Доколку сте веќе регистрирани, разгледајте ја едукативната програма на МИУ и резервирајте термин кај нашите едукатори.

Кон програмата
img

За Мрежата

МИУ е заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во РСМ.

Дознај повеќе
img

Едукатори

Запознајте се со едукаторите и програмите кои ги нудат за вашите ученици.

Дознај повеќе
img

За Учители

Погледнете како може да се регистрирате и закажете работилница за вашите ученици.

Дознај повеќе

Најчесто поставувани прашања

    Мора да се најавите/регистрирате за да закажете работилница.
  1. Чекор 1: Кликнете на копчето резервирај на работилницата која сакате да резервирате термин. Ќе бидете пренасочени кон страницата на соодветната институција каде што ќе ви се отвори календар.
  2. Чекор 2: Кликнете на слободниот термин на календарот (обоен со зелено). Ќе ви се отвори прозорче со датумот, терминот и работилницата.
  3. Чекор 3: Кликни резервирај. По успешно закажување, ќе ви пристигне е-маил со потврда. Откако администраторот ќе го одобри или откаже терминот, ќе бидете повторно известени.

Оваа едукативна програма е наменета за наставниците од основно и средно образование. Сите работилници во оваа едукативна програма се стандардизирани според Законот за основно и средно образование.
Запознајте се со партнерите на МИУ

Партнери на мрежата

Искази на корисници

Што велат учителите и наставниците?

Мрежата за искуствено учење е создадена за да помогне во образованието на младите, да ги научи да решаваат еколошки проблеми, како и да ги искусат природните појави за кои учат.

Јана Шепендиева

ОУ Пере Тошев - Росоман

Учениците беа презадоволни од работилницата посебно од истражувачкиот и експерименталниот дел. За многу кратко време го научија процесот на Фотосинтеза. Со нетрпение ја чекаат следната работилница!

Даниел Ристиќ

ОУ ,,Гоце Делчев" – Неготино

Со практични експерименти и интерактивни примери, работилниците на МИУ нудат широк спектар на активности кои ги збогатуваат искуството и знаењата на учениците.

Весна Лазарова

ОУ ,,Гоце Делчев" – Неготино

Мрежата за искуствено учење ни овозможи многу позитивно искуство. Учениците научија многу повеќе затоа што директно беа вклучени во истражувањата, поставуваа прашања и донесуваа заклучоци. Јас како наставник сум задоволна од постигнатите резултати, соработката со координаторите, целокупната идеја и нејзината реализација. Секако би продолжила со ваквиот пристап во учењето затоа што освен во нашата училницата, имаа можност да учат и на терен, во лабораторија, со едукатори кои многу успешно ги спроведоа предвидените активности.

Никола Зафиров

ОУ ,,Орце Николов", с.Ињево, Радовиш

Самите ученици беа возбудени и импресионирани од самиот пречек на ПМФ/Ботаничка градина, целата опрема и начинот на искуствено учење преку вежби, практичен и теоретски дел. Сите ученици беа вклучени и активни, научија и утврдија многу нови методи и методологии во делот на животната средина и растенијата. Упатувам голема благодарност за можноста на нашите ученици да се доближат и да бидат дел од оваа едукативна програма, и со задоволство би ја препорачал и на останатите колеги.

Новости и објави

Освојување на науката преку искуствени воннаставни активности

Проектот "Мрежа за искуствено учење" го спроведува Македонско еколошко друштво во координација со УНИЦЕФ, а истиот е финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDЕ).
SIDE SIDE SIDE

Следете нѐ за најновите објави на Мрежата за искуствено учење

img