Запознајте ги искусните професионалци кои се посветени на вашиот развој и успех
Магистер по физички науки – геофизика, виш лаборант во Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. Вљубеник во експериментална физика и истражување на процесите во внатрешноста на Земјата, а најмногу земјотресите. Активно е вклучен во креирање и спроведување на СТЕМ програми преку научни експерименти и LEGO активности. Неговата мисија е промовирање на физиката и сеизмологијата и инспирирање на младите преку СТЕМ активности да се вклучат во научните кругови.
Магистер по биосистематика, асистент истражувач во Ботаничката градина на Институтот за биологија при ПМФ Скопје. Нејзиното поле на интерес се растенијата, нивната директна заштита и значење. Со својата активност, таа цели кон негување на чувството за одговорност и ценење на богатата биолошка разновидност на Македонија, поттикнувајќи луѓето, пред се младите, да бидат правилно информирани и да придонесат кон заштита на природата
Доктор на биолошки науки, вработена во ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид. Посветена на проучување на слатките води, нивниот квалитет, биодиверзитет, заштита и одржливо користење. Искуството и љубовта кон природата го пренесува на учениците и студентите преку тематски работилници, едукативни кампови, проектни задачи и практична настава.
Дипломиран етнолог, раководител на Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево, општина Пехчево. Едукатор кој со голема посветеност работи на промоција на брегалничкиот регион и едукација за важноста на одржливото користење на природните ресурси.
Дипломиран биолог и едукатор во МЕД.Нејзината љубов кон природата ја поттикнува да работи на проекти за заштита на животната средина.Таа работи на инспирирање на младите генерации да се вклучат во заштита на природата и да развијат свест за нејзината важност.
Дипломиран биолог и Соработник за еколошка едукација во НП Галичица. Голем вљубеник во природата и активен планинар. Преку учество во голем број проекти има допринесено за заштита на животната средина и развој на еколошката едукација во нашата земја. Нејзина мисија е децата да поминуваат повеќе време во природа и што е можно повеќе да се еколошки едуцирани