Мрeжа за искуствено учење
Едукативна програма - МИУ Депо на едукативни материјали Партнери

Како да закажам настан? Чекор по чекор

Повторно започнаа работилниците за искуствено учење во Национален Парк Галичица‼️

Оваа недела повторно започнавме со спроведување на едукативните активности во рамки на Мрежата за искуствено учење.

Поминатите километри беа вредни за денот да биде исполнет со едукација за Националниот парк Галичица и реализација на активностите во природа долж #Едукативната #патека "Галичица на дланка".

Се надеваме дека учениците од училиште: ООУ Кирил и Методиј - Кучевиште, Чучер Сандево си поминаа убаво и ги надополнија своите знаења преку искуствена работа на терен и во лабараторија.