Мрeжа за искуствено учење
Едукативна програма - МИУ Депо на едукативни материјали Партнери

Како да закажам настан? Чекор по чекор

Прва работилница на Мрежата за искуствено учење

Во Едукативен центар за зачувување на природата во с.Негрево, Општина Пехчево на 20.09.2023 се реализираше првата работилница "Домот на муволовката", која е дел од  едукативната програмата на проектот на "Воспоставување мрежа за искуствено учење и спроведување на првата годишна програма за едукација за животната средина и климатски промени" 
⛰️На работлницата учествуваа ученици од ООУ "Еќрем Чабеј" од село Непроштено, кои движејќи се по Патеката на Петко стигнаа до Јудови ливади и "Домот на муволовката".
🏡Работилницата се состоеше од два дела, прво теренско истражување, набљудување и собирање на материјали и втор дел, анализа и сумирање на резултатите од спроведената активност во Центарот.