Образовна институција

Сеизмолошка опсерваторија, Скопје

Сеизмолошката опсерваторија е основана во 1957 година, како научен центар во кој се применуваат најсовремените методи на сеизмолошки набљудувања и нивна научна интерпретација и практична примена, но и како школа за нови сеизмолози. Денес, Опсерваторијата е дел од Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Таа е прва и единствена институција во Македонија задолжена за: �� Постојано регистрирање и анализа на земјотресите во земјата и поширокиот регион ��Изведување научно-истражувачка работа во областа на сеизмологијата ��Едукација на населението за ризиците и мерките за заштита од земјотреси �� Популаризација на науката преку предавања, работилници и едукативни игри Сеизмолошката опсерваторија управува со национална мрежа од 13 современи сеизмолошки станици, поставени низ целата држава. Оваа мрежа овозможува 24 часовен мониторинг и брзо лоцирање на епицентарот на секој земјотрес, без разлика дали е почувствуван или не. Од механички до дигитални инструменти, сите се користат за прибирање на квалитетни податоци и нивна научна и практична интерпретација. Еден од најзначајните моменти во историјата на Опсерваторијата е земјотресот во Скопје од 26 јули 1963 година, кој ја потврди важноста на Опсерваторијата и локалното проучување на феномените поврзани со оваа природна појава. Покрај научната улога, Опсерваторијата има и општествена мисија – преку едукативни активности им овозможува на учениците, студентите и граѓаните да научат како да се заштитат при земјотрес и да ја разберат силата на природата. Денес Опсерваторијата не е само научен центар, туку и член на меѓународни научни мрежи, што ѝ овозможува размена на податоци и искуства со светски центри за сеизмологија.

None+

Ученици

3+

Работилници