Едукативен центар за зачувување на природата - Негрево

Eдукативниот центар за зачувување на природата е сместен во селото Негрево, на 2 км од регионалниот пат Делчево-Пехчево-Берово, во старата училишна зграда. Реновирањето на училишната зграда и основањето на едукативниот центар започнаa во 2017 година во рамките на активностите на Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од Фармахем. Едукативниот центар официјално беше отворен за посетители во септември 2018 година. Основната цел на едукативниот центар е да придонесе кон зачувување на природата во брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси. Со реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Негрево, внатрешниот и надворешниот дел беа адаптирани за потребите на еден современ и интерактивен едукативен процес, каде што на несекојдневен и оригинален начин на посетителите ќе им се доближи значењето на природата и ќе се презентира биолошката разновидноста на брегалничкиот слив. Едукативниот центар има уреден двор со елементи за интерактивни активности за деца, млади и возрасни. Посетителите може да ја посетат и „Патеката на Петко и шумските жители - Пехчевска авантура”, која го поврзува Едукативниот центар со локалитетот Јудови Ливади, каде што вирее инсектојадното растение муволовка (Drosera rotundifolia), кое е ендемичен вид за овие простори.