„Нулта” толеранција за сексуална експлоатација и злоупотреба Сите форми на сексуална експлоатација и злоупотреба (СЕЗ) претставуваат повреда на човековите права и злоупотреба од позиција на моќ врз ранливо население за кое Обединетите нации и други хуманитарни и развојни чинители се залагаат да го заштитат. СЕЗ може да доведе до сериозни, и понекогаш доживотни негативни последици за лицата кои преживеале СЕЗ, а особено децата. Покрај тоа, СЕЗ го поткопува интегритетот и угледот на МИУ и може да биде закана за безбедноста на вработените и оперативното работење. МИУ има политика за нулта толеранција за СЕЗ. Проектниот тим, партнерите на МИУ, едукаторите и нивните ко-фацилитатори, се придржуваат на највисоките стандарди за лично и професионално однесување, и обезбедуваат услуги со почитување и поттикнување на правата на корисниците и други ранливи членови на локалните заедници. Оваа политика дефинира и посебен пристап на МИУ за превенција и одговор на СЕЗ. Политиката е применлива за сите вработени и ангажирани соработници, додека се на и вон должност. Политика на приватност на податоците на МИУ Политика за родова еднаквост на МИУ