Краток опис: Присуството и дистрибуцијата на различните видови растенија и животни зависи одбиотичките и абиотичките фактори на средината, кои пак најчесто се поврзани одвлијанието на човековите активности во блиската или непосредната околина.Еколошките истражувања се важни бидејќи ни помагаат да разбереме како функционираатекосистемите, како видовите делуваат меѓу себе, но и со непосредната околина, и какочовековите активности влијаат на природниот свет. Ова знаење е од суштинско значење зада може да се направат информирани одлуки за зачувување, заштита на животнатасредина и биодиверзитетот, и да се преземат соодветни акции за управување соприродните ресурси за одржлив развој.Следењето на состојбите на популациите на различните видови организми е од особенозначење во еколошката наука и се спроведува целно на помали или поголеми површини воразлични екосистеми, во текот на една или повеќе сезони зависно од целите наистражувањата кои се спроведуваат.Живеалиштата се особено чувствителни на промените во квалитетот на воздухот, почвата иводата, па истите ја нарушуваат нивната деликатна рамнотежа, а со тоа наштетуваат и набиолошката разновидност. Нарушувањата на вегетацијата, кои ги нарушуваат циклусите на хранливите материи, можеда влијаат на синџирот на исхрана и на севкупниот биодиверзитет на одредена област.Дополнително, загадениот воздух може да доведе до респираторни проблеми кајживотните, намалувајќи ја нивната кондиција и репродуктивниот успех.
Ниво: I, II, III, IV
Времетраење: 180 минути
Код: TEP 7.15
Големина на група: 25
Средина: Лабораторија, игра на отворено
Препорачана сезона: пролет, лето, есен
За теренските истражувања, потребни се: јаже за спроведување мерења по методот на
трансект и рамка, прибор за собирање материјал (лопатки и пинцети), мрежи за инсекти,
по можност камера од мобилен телефон, епрувети, флакони, петриеви садови,
стереоскопски микроскоп за анализа на собран материјал, предметни стакленца, покровни
стакленца, капалка за вода, извор на светлина и топлина, опрема или материјали за
сликовито претставување на добиените резултати, маркери, формулар за прибирање
податоци, самолеплива хартија, flip chart табла.
Од специфична опрема за мерење параметри на супстрати се потребни: апарат за мерење
на квалитет на воздух (CO 2 , SO 2 , NO X, О З ), сензори за PM2.5 и PM10 честички, УВ ламба, pH
метар, pH ленти, дестилирана вода, оцет, термометар за почва и воздух, мерачи на
влажност. Прирачници или детерминатори, клучеви за одредување видови.
Друштвена игра со пропратните материјали се изведува во затворен простор или во
лабораторијата на МЕД во Ресен.
Вовед во работилницата – 15 минути
Учениците се запознаваат со основноите еколошки истражувања поврзани со релациите
помеѓу живата и неживата природа. Се поставуваат хипотези за активноста која следува.
Активност 1.
Посета, набљудување и истражување во ПП Езерани и видовото разнообразие во
неколкуте видови живеалишта.
Вовед во работилницата – 15 минути
Учениците се запознаваат со истражувањето.
Учениците имаат за цел да истражат кои организми (растенија, животни) се присутни во
преспанскиот регион и каква е нивната поврзаност со соодветните живеалишта. Во исто
време треба да утврдат какви се и условите за живеење во самото живеалиште, односно
какво е влијанието на самите организми врз живеалиштата. Се запознаваат со улогата на
вегетацијата во одржување на квалитетен воздух и размена на гасови. Со истражувањата
на терен ќе се спроведува и набљудување на живеалиштата, притисоците и влијанијата на
потенцијални загадувачи, потенцијални извори на загадување и нивно влијание,
колекционирање материјал, мерења на параметри на различни супстрати. Изведуваат
соодветни истражувања, анализи, докажувања и споредување на резултати.
Запознавање со инструментите и материјалите – 15 минути
Учениците се запознаваат со потребната опрема за теренско истражување и
лабораториски и мерни инструменти потребни за целокупниот процес на истражување. Се
запознаваат со начинот на ракување со опремата, како и можните ризици од неправилно
ракување со истата. За целите на истражувањето, согласно временскиот период/сезона,
спроведуваат истражувања во ПП Езерани, на различни локалитети или во лабораторијата
на МЕД во Ресен.
Реализација на работилницата – 120 минути
Во зависност од бројот на учесниците, се формираат групи од 5 до 6 ученици.
Во почетокот се набљудуваат живеалиштето и неговата околина и се бележат основните
карактеристики (стоечка или течечка вода, растенија, крупни животни и сл.) и можните
притисоци од евидентирани загадувачи, природна, уредена средина од страна на човекот.
Фокусот е две или три различни живелишта кои се карактеристични за преспанскиот
регион.
Во текот на истражувањето се поттикнува дискусија, поддршка на тимска работа,
колекционирање на материјал за испитување, прибирање податоци, фотографирање. На
терен се мерат соодветни параметри на воздухот, водата или почва, се собира материјал во соодветни пластични флакончиња или епрувети. Доколку не може да се спроведат
дополнителни истражувања на собраниот материјал, истиот се транспортира до
лабораторија, каде што се анализира под микроскоп и бинокулар.
Во зависност од возраста на учениците и временските услови, се спроведуваат теренски
активности на отворено за прибирање информации за покровноста со вегетацијата и/или
за степенот на раст на евловите шуми како и за различните видови кои ги среќаваат.
Резултати, дискусија и заклучоци – 35 минути
По спроведеното теренско истражување, доколку не може да се спроведат дополниелни
истражувања на собраниот материјали, истиот се транспортира до лабораторија, во Ресен, материјалите се аналаизираат, резултатите се евидентираат, споредуваат и сумираат.
Претставник од секоја група накратко ги презентира резултатите и заклучоците од
реализираната игра или истражувањето.
Во зависност од возрасната група на учениците, се применува соодветна форма за
презентација на добиените резултати, се донесуваат заклучоци, како и можни решенија за актуелната проблематика. За секоја хипотеза се дискутира дали се прифаќа или се отфрла и
зошто.
Се дискутира улогата на вегатацијата и улогата на секој вид на соодветното живеалиште, во
кружењето на гасовите во природата и начинот како придонесуваат кон подобрување на
квалитетот на воздухот.
Активност 2.
Друштвена игра Преспа чиста или загадена
Играта се состои од повеќе елементи што придонесуваат кон разбирање на активностите
предвидени за соодветното ниво ученици.
Учениците, учесници на друштвената игра „Преспа“ имаат за цел да заштитат пет (5)
живеалишта или организми кои се карактеристични за преспанскиот регион, а за да го
постигнат тоа неколкукратно го обиколуваат целиот прекуграничен басен. Притоа се
запознаваат со овие организми и нивните улоги во соодветните живеалишта. Попатно се
соочуваат со тешки одлуки - од една страна мораат да заработат пари, бидејќи заштитата
на природата и животната средина е скапа, но од друга страна не смеат целосно да го
изгубат најважниот ресурс од сите - водата. Се запознаваат со ефектите кои различните
загадувачи ги имаат индивидуално врз нив или на целиот екосистем. Изведуваат соодветни докажувања и споредување на резултати.
За истражувањата на терен ќе се спроведува и набљудување на соодветните живеалишта,
притисоците и влијанијата на потенцијални загадувачи, извори на загадување,
колекционирање материјал, мерења на параметри на различни супстрати.
Запознавање со деловите и пропратните материјали на играта – 15 минути
Учениците се запознаваат со сите елементи на играта, улогите на играчите, поточно
организмите (растенија или животни) кои живеат, и живеалишта кои се ранливи а се
сретнуваат во преспанскиот регион. Се запознаваат со овие организми и нивните улоги во соодветните живеалишта. За таа цел, неколкукратно треба да го обиколат прекуграничниот
преспански басен.
Реализација на работилницата – 45 минути
Во зависност од бројот на учесниците, се формираат групи од 5 до 6 ученици. Запознавање
со процесите за докажување на улогата на растенијата во одржувањето на квалитетен
воздух, почва и вода.
Играта се реализира по теренската посета на ПП Езерани и теренско истражување, за истата
се обезбедени 45 минути.
Резултати, дискусија и заклучоци – 35 минути
Претставник од секоја група накратко ги презентира резултатите и заклучоците од
реализираната игра или истражувањето.
Во зависност од возрасната група на учениците, се применува соодветна форма за
презентација на добиените резултати, се донесуваат заклучоци, како и можни решенија за
актуелната проблематика. За секоја хипотеза се дискутира дали се прифаќа или се отфрла и
зошто.
- Учениците да научат кои материи се загадувачи на воздух и какво е нивното влијание
- Учениците да набљудуваат какви живеалишта постојат во природа
- Учениците идентификуваат каков жив свет живее во секое од живеалиштата со кое што
се запознаваат
- Учениците да научат како вегетацијата влијае на подобрување на квалитетот на животот
во микросредината.
- Да ги бележат податоците добиени од терен и лабораторија, да ги анализираат и
споредуваат.
- Учениците да изнесат свое мислење на темата.
Запишување на flip-chart табла или хамер
Усно презентирање
Теренското истражување им помага на учениците да ја искусат природата со своите
сетила, им помага да ги набљудуваат условите во животната средина. Споредбата на
резултатите од различни точки и објасување на причините зошто резултатите се
разликуваат, поврзувајќи ги со различните средини од кои што ги собираа податоците.
Споредба на добиените резултати од истражувањето од различни средини, зошто
настанале тие промени, поврзување на промените со примери од реалниот свет.
Заклучоци:
Учениците знаат какви живеалишта егзистираат во Преспа и каков жив свет
поддржуваат
Учениците ги разбираат сличностите и разликите помеѓу различните живеалишта.
Учениците знаат да прибираат и евидентираат податоци од теренските истражувања и
ги поврзуваат организмите со соодветните живеалишта.
Учениците знаат да користат инструменти за мерење на квалитет на воздух и pH
вредност.
Македонско Еколошко Друштво
Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.
Најави се Регистрирај се