Оваа активност им помага на децата полесно да го разберат „Синџирот на исхрана“ во природата преку изведување на природните движења на различни животни и да научат дека „поголемите ги ловат помалите“.
Преку оваа активност учениците учат како може старата употребена хартија да се преработи и да послужи како основа за цртење разни семиња.
Преку оваа активност учениците ги учат планетите на Сончевиот систем.
Со оваа активност учениците имаат можност да ги прошируваат своите знаења за животните и да се поттикнува нивната љубопитност за животните од целиот свет.
Целта на активноста е учениците да ги препознаваат и разликуваат растенијата кои може да се најдат во природата, а истовремено да се развие нивната љубов кон природните богатства кои постојат.
Активноста овозможува детето да ги запознае, да ги именува деловите на растението и да ја знае нивната улога. Активноста одговара за ученици од прво до трето одделение.
Преку играта ученикот одредува во каква животна средина живеат различни видови животни и кога ќе го слушнат името на животното, скокаат во „вода“ или на „копно“.
Со оваа активност на децата им се овозможува на интересен начин да ги истражуваат разликите помеѓу денот и ноќта. Се поттикнува креативноста и фантазијата. Наменета е за деца од 6 до 8 годишн возраст.
Преку оваа активност кај децата се поттикнува навика за користење здрава храна и одржување хигиена на забите. Детето самостојно увидува која храна ги одржува забите здрави, а која не.
Со играта се мотивира ученикот да ја оствари поставената цел , со помош на пердувот, зрното пченка низ малиот отвор да го стави во кутијата.
Со играта се мотивира ученикот да препознава разни семиња, да ги именува и да ги опишува. Определува за што се употребуваат и кога се садат во градината.
Играта поттикнува интерес за изучување на вселената, Сончевиот систем. Конкретно, изведувајќи ја играта, учениците ги зајакнуваат своите знаења за планетите и нивната положба во однос на Сонцето.
Целта на играта е учесниците да именуваат видови материјали од опкружувањето: дрво, камен, метал, пластика, гума, стакло, керамика, хартија, текстил и предмети изработени од нив.
На забавен начин учениците ќе научат како ги придвижуваме предметите под дејство на сила.
Активноста се спроведува како вовед во изучувањето делови на растенијата. Учениците освен што ќе имаат можност да се забавуваат и да се смеат, со оваа активност лесно ќе ги совладаат новите поими.
Преку оваа активност кај учениците се развива интересот и желбата за истражување и набљудување. Учениците на интересен начин увидуваат и откриваат каде живеат животните.
Со оваа активност на креативен начин, преку игра, учениците ги покажуваат своите знаења стекнати за континентите и нивната местоположба. Уживаат, се забавуваат и го составуваат светот.
Учениците работат во групи од по пет ученика. Задача на учениците од секоја група е да ги групираат илустрациите на кои се прикажани дразби според тоа која дразба кој сетилен орган ја препознава.
Сакаш ли да научиш како пораснав јас? Не ми треба волшебно стапче, но сепак моето растење е волшебно.
Со активноста се мотивира ученикот преку допир да ги подреди торбичките во кои има ист материјал, но во различна боја. Учениците може да се наптреваруваат кој побрзо ќе ја заврши активноста.
Активност за развивање на мисловниот процес, јазичните вештини, подобрување на комуникацијата и подобрување на моторичките способности.
Играта поттикнува зајакнување на трпеливоста и истрајноста како карактерни вредности и стекнување знаења преку игра за начините на движења.
Во рамките на темата „Времето се движи и тече“, денес имаме дневна активност „Сонце“.
Развивање позитивни погледи и ставови кон околината, училиштето и другарчињата.
Преку мануелна активност, омекнување и обликување на глина, да се создаде вулкан. Со реакција на оцет, сода бикарбона и боја за храна ќе се постигне ерупција.
Целта на оваа еколошка активност е учениците да учат преку работа во групи за рециклирањето и поделбата на материјалите за рециклирање во групи. Да добијат финален производ Еко-кутија.
Активност за визуелно доживување на Сончевиот Систем. Согледување на местоположбата на Сонцето, редоследот на планетите и разликите во нивната големина, боја и изглед.
Се изведува натпревар за постигнување погодок со хартиено топче. Учениците дувајќи воздух низ цевките, употребуваат сила и вршат притисок, се менува насоката на движење на топчето.
Играта поттикнува развој на внимание и концентрација. Исто така, преку оваа игра децата можe да ги учат боите и да ги развиваат нивните моторички и логички способности.
Целта на активноста е ученикот да ја запознае почвата, слоевите на почвата, бојата на почвата и користа од почвата што ја има човекот. Изработува шаблон на делови од почва и слики.
Играта е да се научи која е ползата од дождовната вода и дека треба да се собира за полевање на растенијата на балконите и во дворовите.
Со оваа активност учениците го вежбаат читањето со разбирање, одгатнуваат гатанки, а воедно вршат и класифицирање на овошје и зеленчук.
Активноста има за цел да се научат, односно да се повторат домашните и дивите животни во нашата земја и нивните живеалишта. Ќе ја поттикне љубовта кон животните и да истражуваат за нивните живеалишта.
Преку оваа активност учениците ќе ги разликуваат и именуваат сетилните органи. Исто така, ќе одредуваат кој сетилен орган која дразба ја препознава.
Преку игра подобро се помни! Оваа ќе им помогне на учениците да ги научат главните страни на светот за ориентација на карта или во просторот.
Мотивирање на учениците и на секое семејство да биде општествено одговорно да го селектира својот отпад (посебна селекција на пластика, хартија, стакло и метал). Од мала возраст да креираат навики.
Мотивирање на учениците, а и на секое семејство да биде општествено одговорно да го селектира својот отпад (посебна селекција на пластика, хартија, стакло и метал) од мала возраст.
Судоку звуци е игра каде што учениците на интересен начин ќе комбинираат музички инструменти – дувачки, жичани и ударни.
Играта претставува едукативна онлајн интерактивна активност, која ги зајакнува љубопитноста и ангажираноста како карактерни вредности и го поттикнува учењето за класифицирање предмети преку игра.
Наставникот подготвува различни пораки, кои се ставаат како лампиони и украси на елката, на еден интересен начин преку игра – сложувалка на новогодишни еко-пораки.
Играта поттикнува когнитивен и социоемоционален развој кај децата преку невербална комуникација и стекнување знаења за различните начини на движење кај животните, како дел од природните науки.
Играта развива истражувачка мотивација за создавање звуци. Создавање звуци и доживување на висината на звуците.
Учениците преку играта сложувалка можат правилно да ги состават деловите и да добијат слики од живи суштества и од неживи нешта. Сложувалките треба да ги обојат и да ги објаснат разликите.
Играта поттикнува зајакнување на вниманието и на трпеливоста како карактерни вредности и стекнување знаења преку игра и литература за својствата на различни материјали од опкружувањето.
Во Њутновата физика слободниот пад е секое движење на телото каде што гравитацијата е единствената сила што дејствува врз него.
Учениците преку оваа активност ќе имаат можност да се запознаат со апаратите во домаќинството што работат со помош на електрична енергија, која е нивната намена и во која електрична зона припаѓаат.
Учениците, преку игра, во мали групи, идентификуваат предмети од различни материјали во училницата и ги именуваат материјалите од кои се направени.
Учениците преку оваа игра ќе имаат можност да се запознаат со поимот „сила“. Како ние со употреба на одредена сила ги придвижуваме предметите.
Преку оваа игра учениците откриваат кои материјали имаат магнетни својства. Ако успеат да ја уловат рибата, односно ако таа се прилепи на магнетната јадица, тогаш е направена од магнетен материјал.
Преку оваа активност учениците ќе имаат можност да се запознаат со сончевиот часовник. Тоа е вид инструмент кој е создаден за да се измери текот на времето со помош на движењето на Сонцето.
Ќе научат дека туркањата и влечењата настануваат под дејство на сили и дека тие може да се измерат со мерачи за сили.
Од разни материјали, со реупотреба, се изработуваат куќички за птици. Куќичките се изложуваат во училишниот двор, во кои редовно се става храна за гладните гости - птиците.
Учениците преку активно слушање кратки описи (дадени во стихови-гатанки), ги именуваат домашните животни, се запознаваат со нивните карактеристики и ги разликуваат по род - мажјак, женка и младенче.
Мемориска игра за развој на визуелната меморија, како и забава за целото одделение.