Истражувачки предизвик

Како почвата влијае врз растенијата?

Дали сите почви се исти?
Одделенија 6-9 одделение
Учесници првите 10 училишта
Тим најмногу 10 ученици
Пријава до 10 октомври
Експеримент до 10 ноември
Пријави го твојот тим

Вовед

На прв поглед, секоја почва изгледа слично. Меѓутоа, ако погледнеме повнимателно, ќе забележиме дека почвите можат значително да се разликуваат по својот состав, структура и својства. Некои задржуваат повеќе вода, други овозможуваат подобра циркулација на воздухот, трети се побогати со хранливи материи, а некои обезбедуваат подобри услови за развој на кореновиот систем.

Токму затоа изборот на соодветна почвена мешавина е еден од најважните фактори за успешно одгледување на растенијата. Добрата почва не е само „почва“ – таа е жив екосистем составен од минерални честички, органска материја, вода, воздух и огромен број живи организми кои заедно создаваат услови за живот и раст.

Во овој истражувачки предизвик ќе имате можност да станете вистински истражувачи. Вашата задача нема да биде само да подготвите почвена мешавина, туку да размислите како различните природни материјали влијаат врз својствата на почвата, да поставите научна хипотеза и да предложите решение за кое сметате дека ќе обезбеди најдобри услови за никнување и здрав развој на растението.

Главно истражувачко прашање

Која комбинација на природни компоненти создава почвена мешавина што обезбедува најдобри услови за никнување и ран раст и развој на растението?

Предизвикот опфаќа две меѓусебно поврзани активности

Фаза 1: Пријава

За учество во овој предизвик заинтересираните училишни тимови треба да се пријават преку формулар најдоцна до 10 октомври. Во предизвикот учествуваат првите 10 училишта кои ќе се пријават и ќе добијат потврда од организацискиот тим на Мрежата за искуствено учење. Училишните тимови треба да бидат составени од најмногу 10 ученици. За започнување на предизвикот избраните училишта ќе добијат дополнителни насоки и технички детали.

Активност 1 – Создај ја твојата почвена мешавина

Ќе креирате сопствена почвена мешавина користејќи различни природни материјали. Ќе го опишете нејзиниот состав, ќе го образложите изборот на секоја компонента и ќе поставите хипотеза за тоа како очекувате таа да влијае врз растението.

Активност 2 – Научен експеримент

Растенијата ќе се одгледуваат под исти услови, а нивниот развој ќе се следи во текот на целиот експеримент. На крајот ќе се споредат резултатите и ќе се утврди кои својства на почвената мешавина најмногу придонеле за успешен раст и развој на растението.

Цел на предизвикот

Целта на предизвикот е учениците преку примена на научниот метод да истражат како различниот состав на почвените мешавини влијае врз никнувањето и раниот раст и развој на растенијата.

Во текот на предизвикот учениците ќе:

Активност 1 – Подготовка на почвената мешавина

Секој тим има задача да подготви сопствена почвена мешавина, за која смета дека ќе обезбеди најдобри услови за никнување и ран раст на растението.

При подготовката на мешавината, тимовите имаат слобода сами да го определат соодносот на избраните компоненти, при што нивниот избор и застапеност треба внимателно да ги образложат врз основа на истражување и научни сознанија. Истите компоненти може да се комбинираат во различни пропорции, со што може да се добијат почвени мешавини со различни својства и дополнително да се поттикне истражувачкиот пристап. За да се обезбеди споредливост на резултатите од експериментот, финалниот волумен на подготвената почвена мешавина треба да биде ист за сите варијанти. Не постои единствено точно решение – секој тим треба да предложи сопствен состав и сооднос на компонентите и научно да го образложи својот избор.

Почвената мешавина може да содржи различни природни материјали, како што се:

Во експерименталната почвена мешавина не е дозволена употреба на минерални ѓубрива, синтетички адитиви, стимулатори за раст или други препарати за прихрана и поттикнување на растот. Ова ограничување не се однесува на стандардниот комерцијален супстрат што се користи за контролната варијанта.

За секоја компонента задолжително наведете:

Покрај процентуалната застапеност, потребно е да објасните која е улогата на секоја компонента и како очекувате таа да влијае врз својствата на почвата.

Доколку користите органска материја

Органската материја не е секогаш со ист состав и исти својства. Нејзиниот квалитет зависи од потеклото, степенот на распаѓање и видот на растителниот материјал.

Затоа, доколку користите листови, задолжително наведете:

Објаснете зошто ја избравте токму таа органска материја и како очекувате да влијае врз почвената мешавина.

Совет: Различните органски материјали имаат различен хемиски состав и различно влијаат врз својствата на почвата. На пример, листопадните и зимзелените листови не се распаѓаат со иста брзина и можат различно да влијаат врз киселоста (pH), содржината на органска материја и достапноста на хранливите елементи.

Доколку користите компост или хумус

Потребно е да наведете:

Научно образложение

За секоја компонента објаснете како очекувате да влијае врз:

Истражување и научно образложение

Пред да ја подготвите почвената мешавина, потребно е да направите кратко истражување за својствата на материјалите што ќе ги користите. Вашата задача не е само да измешате различни компоненти, туку да покажете дека разбирате како секоја од нив влијае врз почвата и растот на растенијата.

За секоја компонента што ќе ја вклучите во мешавината, одговорете на следните прашања:

1. Зошто ја избравте оваа компонента?

Опишете ја нејзината улога во почвената мешавина.

2. Како очекувате да влијае врз:

3. Дали оваа компонента има и недостатоци?

На пример:

Важно е да покажете дека секој материјал има предности, но и ограничувања.

Истражувачки прашања

Во текот на истражувањето размислете за следните прашања:

Поставете хипотеза

Откако ќе го завршите истражувањето, формулирајте научна хипотеза.

Хипотезата треба да биде јасна, логична и заснована на вашето истражување.

Пример

Очекуваме дека почвената мешавина која содржи поголем удел на компост и делумно хумифицирани листови ќе обезбеди подобро никнување и побрз почетен раст на растението, бидејќи ќе содржи повеќе органска материја и подобро ќе ја задржува влагата.

Активност 2 – Спроведување на експериментот

Откако ќе ја подготвите почвената мешавина и ќе ја поставите вашата хипотеза, следува најважниот дел од истражувањето – спроведувањето на експериментот.

Целта на експериментот е да се испита како различните почвени мешавини влијаат врз никнувањето и раниот раст и развој на растението.

За резултатите од сите училишта да можат меѓусебно да се споредуваат, сите тимови треба да го реализираат експериментот според единствен протокол.

Експериментален протокол

За да се обезбедат споредливи резултати, сите тимови задолжително треба да ги почитуваат следните услови:

Препорачана саксија: пластична, со дијаметар и висина од околу 9 cm и отвори за дренажа. Саксијата да се наполни со почвена подлога до приближно 2 cm под горниот раб.
Напомена: Во текот на експериментот не е дозволено дополнително прихранување со минерални или органски ѓубрива, ниту употреба на стимулатори за раст.

Режим на полевање

За сите варијанти во експериментот задолжително треба да се применува ист режим на полевање.

Тоа значи дека:

Важно: Не ја менувајте количината на вода само затоа што некое растение изгледа подобро или полошо. Во текот на експериментот, единствениот фактор што намерно се менува треба да биде составот на почвената мешавина, додека останатите услови треба да се одржуваат што е можно поеднакви.

Контролна варијанта

Покрај почвената мешавина што ќе ја подготви тимот, задолжително треба да се постави и контролна варијанта.

Контролната варијанта треба да биде засадена во стандарден комерцијален супстрат за производство на расад, достапен во земјоделски аптеки или градинарски центри.

Контролната варијанта треба да биде поставена во:

Контролната варијанта ќе служи како споредбена основа за да се процени дали предложената почвена мешавина обезбедува подобри услови за никнување, раст и развој на растението.

Следење на експериментот

Во текот на експериментот учениците треба редовно да ги набљудуваат растенијата, да вршат мерења и да ги евидентираат резултатите.

Препорачуваме мерењата да се вршат еднаш неделно, во ист ден и приближно во исто време.

Следете ги следните параметри:

Никнување

Раст и развој

Оценка на бојата на листовите

При секое мерење, оценете ја бојата на листовите користејќи ја следната скала:

Оцена Опис
5 Темнозелени листови, без пожолтување, дамки или оштетувања.
4 Зелени листови со многу мало избледување или ситни промени.
3 Светлозелени листови, без други видливи оштетувања.
2 Делумно пожолтени листови или видливи знаци на стрес.
1 Изразено пожолтување, сушење, некрози или силно оштетени листови.

Документирање на експериментот

Во текот на експериментот задолжително:

Фотографиите треба да се прават од приближно иста оддалеченост и од ист агол, за полесно да може да се следи развојот на растенијата.

Анализа и заклучок

По завршување на експериментот, споредете ги резултатите од експерименталната и контролната варијанта и одговорете на следните прашања:

Документирање на процесот

Покрај подготовката на почвената мешавина, секој тим треба да го документира процесот на планирање, подготовка и реализација на истражувањето.

Документацијата треба да содржи:

Извештај со краток опис на истражувањето

Извештајот од спроведеното истражување не треба да надмине 10 страници кој ќе вклучува:

Во делот за описот задолжително да има и табела со составот на почвената мешавина, затоа што така комисијата многу полесно ќе ги споредува различните решенија.

Компонента Процент (%) Причина за избор
Градинарска почва
Компост
Песок
Хумус
Листовка
Друго

Постер

Постер со димензии кои ќе бидат дадени дополнително.

Фотодокументација

Доставете фотографии кои го прикажуваат процесот на работа, на пример:

Предлог критериуми за оценување (100 поени)

20

Научно образложение на почвената мешавина

избор на компонентите, образложение на нивната улога, користење научни извори

15

Квалитет и иновативност на предложената почвена мешавина

соодветен избор на компоненти, пропорции и оригиналност на решението

15

Спроведување на експериментот

почитување на протоколот, правилно документирање, фотографирање и водење дневник

20

Раст и развој на растението

време до никнување, процент на никнување, висина, број на листови, развиеност на кореновиот систем и, доколку е мерена, свежа биомаса

15

Анализа и интерпретација на резултатите

споредба со контролната варијанта, анализа на резултатите, потврдување или отфрлање на хипотезата

15

Финална презентација на Месец на наука

структура, јасност, визуелен приказ и одговори на прашања

Презентација на резултатите

Сите училишта чии пријави ќе бидат одобрени ќе имаат обврска да учествуваат на настан организиран од страна на МИУ, на кој ќе ги презентираат резултатите од своите истражувачки активности преку подготвен постер.

Бонус: Дневник на набљудувања

Во текот на експериментот водете краток дневник во кој ќе ги запишувате:

Правила

За предизвикот да биде фер и резултатите да бидат споредливи:

Подготвени за истражување?

Пријавете го вашиот училишен тим најдоцна до 10 октомври и откријте која почвена мешавина е најдобра за растенијата. Учествуваат првите 10 пријавени училишта!

Пријави го твојот тим