Предизвикот „Био Фото“ се реализира во рамки на Мрежата за искуствено учење (МИУ), со цел да ги поттикне учениците да учат преку непосредно истражување на природата, набљудување и практична работа. Преку предизвикот, учениците ќе имаат можност да ја истражат биолошката разновидност во својата околина и да ги развиваат своите истражувачки вештини, љубопитност и одговорен однос кон природата.
Во овој предизвик ученици од 6-то до 9-то одделение заедно со наставник-ментор активно ја истражуваат природата во својата непосредна околина преку набљудување, фотографирање, идентификација и документирање на диви растителни, животински и габни видови. Целта е учениците да ги покажат своите истражувачки и фотографски вештини, а притоа подобро да ја разберат биолошката разновидност во својата околина.
За учество во овој предизвик заинтересираните училишни тимови треба да се пријават преку формуларот најдоцна до 10-ти септември. Во предизвикот учествуваат првите 20 училишта кои ќе се пријават и ќе добијат потврда од организацискиот тим на Мрежата за искуствено учење. За започнување на предизвикот избраните училишта ќе добијат дополнителни насоки и технички детали.
Во оваа фаза учениците треба да посетат 3 различни живеалишта во околината на своето училиште (училишен двор, парк, ливада, шума, река, езеро или друго природно подрачје) и да документираат и фотографираат растителни, животински и/или габни видови за секоја од 15-те теми дадени подолу. Притоа секоја фотографија треба да биде придружена со краток опис на видот, неговата функција во екосистемот, опис и координати на живеалиштето. Пожелно е на описот да се додаде и интересен факт за видот, состојбата на живеалиштето, и слично. Учениците се охрабруваат да користат литература, теренски прирачници или бесплатни апликации за препознавање на видови (на пример iNaturalist, PlantNet, Merlin Bird ID и слично), при што секогаш треба критички да ги проверуваат добиените информации.
Организацискиот тим на Мрежата за искуствено учење ќе ги процени пристигнатите апликации според критериумите дадени подолу.
Сите училишта чии пријави ќе бидат одобрени ќе имаат обврска да учествуваат на настан организиран од страна на МИУ, на кој ќе ги презентираат резултатите од своите истражувачки активности преку подготвен постер.
Како завршен дел од Био Фото предизвикот, Мрежата за искуствено учење ќе изработи календар со избор од најдобрите фотографии направени од учениците.
Темите за кои треба да се изработат фотографии се:
Извештајот од спроведениот Био Фото предизвик не треба да надмине 10 страници и треба да вклучува:
острина и јасност на фотографијата; композиција и кадрирање; видливост на видот или појавата; креативноста и визуелниот впечаток
точност на идентификацијата; квалитет на собраните информации; користење на релевантни извори; научна точност на објаснувањата
уникатност на изборот; оригинална перспектива или поента; способност фотографијата и текстот да раскажат приказна
докази за активно учество на учениците; фотографии од процесот; јасно прикажана тимска работа
За натпреварот да биде фер и безбеден:
За сите учесници да се чувствуваат удобно, безбедно и пријатно за време на теренската работа, силно препорачуваме секој учесник да го понесе следново:
За време на теренската работа, сите учесници треба да се однесуваат одговорно и со почит кон природата. Целта на истражувањето е да се набљудува и документира биодиверзитетот без нарушување на живеалиштата и организмите. При теренската работа задолжително е:
Пријавете го вашиот училишен тим и започнете со истражување на дивата природа околу вас. Учествуваат првите 20 пријавени училишта!
Пријави го твојот тим