РАЗМНОЖУВАЊЕ КАЈ РАСТЕНИЈАТА

Ботаничка градина

img

Краток опис: Размножувањето е едно од основните својства на сите живи организми. Оваа особина го овозможува одржувањето на видовите низ генерациите. Се разликуваат два основни типа на размножување кај растенијата: полово и бесполово. При половото размножување доаѓа до соединување на две специјализирани, физиолошки различни клетки (гамети) при што се создава нов организам. При бесполовото размножување новиот организам потекнува од една или група телесни клетки на еден родител.

Ниво: I

Времетраење: 180 минути

Код: ТЕР 7.1

Големина на група: 30

Средина: Лабораторија, терен

Препорачана сезона: Есен, зима, пролет, лето

Потребни материјали

Микроскопи (биолошки и стереоскопски), предметни стакленца, покровни стакленца, пинцети, капалка за вода, петриеви садови, чепкалки за уши, цветови од различни растенија, плодови, семиња, спори на коњско опавче, хербаризирани примероци од растенија со различни соцветија, трајни микроскопски препарати од женски и машки делови од цветот, работни листови.

Детален опис

Работилницата се состои од повеќе активности кои придонесуваат кон совладување на процесот на размножување кај различни групи на растенија. • Вовед во работилницата - 5 min • Запознавање со инструментите и материјалите - 5 min • Поделба на учениците по групи - 2 min • Запознавање со процесите на опрашување и размножување преку реализирање на различни активности прилагодени според возрасната група на учесниците (види табела 1) - 40-60 min • Резултати, дискусија и заклучоци - 30 min - претставник од секоја група накратко ги презентира резултатите и заклучоците. Секоја хипотеза се дискутира дали се прифаќа или отфрла и зошто.

Очекувани резултати

• Учениците ги подредуваат растителните видови во соодветната систематска група. • Учесниците разликуваат процеси на полово и бесполово размножување • Учесниците прават разлика помеѓу гаметофитната и спорофитната генерација кај пониско организираните растенија • Учесниците ги распознаваат деловите на цветот и ги објаснуваат нивните функции • Учесниците ги разграничуваат поимите опрашување, оплодување, ‘ртење, животен циклус • Учесниците прават разлика помеѓу различните типови на соцветија и плодови кај цветните растенија

Презентација на резултати

• Фотографии • шематски приказ • табели • цртежи • пополнети работни листови

Интерпретација на резултати

• потврдување/негирање на поставените хипотези • кратка презентација на секоја од групите поодделно • заедничка дискусија зошто нивните тврдења се докажани и издржани

Возрасти

  • I одделение
  • II одделение
  • III одделение
  • IV одделение
  • V одделение
  • VI одделение
  • VII одделение
  • VIII одделение
  • IX одделение

Ботаничка градина


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се