ЗЕЛЕНА ЕНЕРГИЈА – ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА КУЌА

Народна техника - Скопје

img

Краток опис: Изработката на функционална макета на еколошко-енергетски независна куќа вклучува повеќе модели за искористување на обновливи извори на енергија, како модел на сончев панел, модел на фотоволтаичен панел, модел на ветерна централа, водно коло, струјно коло со три извори на енергија и повеќе потрошувачи и биодигестор.
Потребата на човекот за изведување различни секојдневни активности и нормално живеење упатува на употреба на различни извори на енергија чие трансформирање за целите на човекот има различно влијание врз животната средина.

Ниво: III

Времетраење: 180 минути

Код: ТЕР 7.5

Големина на група: 30

Средина: Лабораторија

Препорачана сезона: терен

Потребни материјали

Комплет работни вежби за изработка на макета на еколошко-енергетски независна куќа, прирачен алат и мерни инструменти.

Детален опис

Детален опис на активноста/експериментот

Вовед за зелената енергија - 10 минути

Учениците повторуваат за поимите „обновливи и необновливи извори на енергија“ и се воведуваат во значењето на „зелената енергија“. Учениците се групираат во групи составени од по 7 ученици. Се поставуваат хипотези.

 

Запознавање со активностите за изработка на макетата и поделба на материјалите за работа - 10 минути

Добиваат насоки за експериментот, начинот на обработка на материјалот, негова анализа и понатамошното исполнување на задачите (споредување на резултати, дискусија и сл.).

 

Изработка на моделите и комплетирање на макетата - 90 минути

Учениците се запознаваат со различните видови материјали и опрема. Се поставува опремата и се почнува изработката на макетата.

 

Експериментирање и запишување на добиените резултати во табели и графикони - 45 минути

Во текот на функционирањето на макетата се следат различни параметри (температурата, брзината на струењето на воздухот, протекот на енергија и енергетската ефикасност итн.). Се анализираат и се споредуваат добиените резултати од спроведените мерења. Се прикажуваат на графикон или табела и се прикажуваат пред целата група учесници.

 

Осознавање на зелената енергија како фактор во зачувувањето на човековата околина - 15 минути

Преку дискусија, ученици – претставници на секоја група изнесуваат заклучоци од набљудувањето и ги истакнуваат позитивните и негативните влијанија врз животната средина.

Очекувани резултати

·       

·       Учениците ги идентификуваат принципите на енергетски независната куќа.

·       Учениците ги идентификуваат обновливите извори на енергија.

Учениците ги воочуваат принципите на производство на електрична енергија од обновливите извори на енергија.

Презентација на резултати

·       Функционална макета со повеќе потрошувачи.

·       Графичко претставување на наодите и резултатите.

·       Анализа на ефикасноста на потрошувачите.

·       Компаративен приказ на карактеристиките на моделот.

Приказ на влијанието на различните видови потрошувачи и извори на енергија врз животната средина

Интерпретација на резултати

·       Следење на промената на физичките фактори и параметри.

·       Споредба на ефектите од различни потрошувачи.

·       Дискусија за обновливите и необновливите извори на енергија.

·       Дискусија за влијанијата на различните потрошувачи врз животната средина и климатските промени.

Дискусија за економската исплатливост од изведбата на различните потрошувачи.

Возрасти

  • IV одделение
  • V одделение
  • VI одделение
  • VII одделение
  • VIII одделение
  • IX одделение
  • Прва година (Средно образование)
  • Втора година (Средно образование)
  • Трета година (Средно образование)
  • Четврта година (Средно образование)

Народна техника - Скопје


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се