Краток опис: Растенијата се автотрофни организми кои сами ја произведуваат храната со помош на процесот наречен фотосинтеза. При овој процес, зелените делови на растенијата со помош на светлинската енергија од неоргански материи (вода и јаглероден диоксид), синтетизираат органски материи (скроб) при што се одделува кислород.
Ниво: I, II, III, IV
Времетраење: 180 минути
Код: ТЕР 7.1
Големина на група: 30
Средина: Лабораторија
Препорачана сезона: терен
Биолошки микроскоп, предметни стакленца, покровни стакленца, пинцети, капалка за вода, листови од некое растение, ориз/компир/пченка/грав, почва, саксии, семе од различни растенија, елементи за игра за раст и развој на растенија (фотосинтеза), хемикалии, пипети, колби, ерленмаери, епрувети итн.
Работилницата се состои од повеќе активности кои придонесуваат кон совладување на процесот на размножување кај различни групи на растенија. • Вовед во работилницата - 5 min • Запознавање со инструментите и материјалите - 5 min • Поделба на учениците по групи - 2 min • Запознавање со процесот на фотосинтеза преку реализирање на различни активности и експерименти прилагодени според возрасната група на учесниците (види табела 1) - 40-60 min. Резултати, дискусија и заклучоци - 30 min - претставник од секоја група накратко ги презентира резултатите и заклучоците. Секоја хипотеза се дискутира дали се прифаќа или отфрла и зошто.
• Учесниците ги препознаваат потребите на растенијата за правилен раст и развиток • Учесниците ги препознаваат органелите одговорни за создавање на енергија • Учесниците ги разликуваат спроводните садови за вода и минерални материи (ксилем) и органски материи (флоем) • Учесниците ги распознаваат факторите кои позитивно/негативно влијаат врз процесот на фотосинтеза • Учесниците ги раздвојуваат и идентифицираат хлоропластните пигменти со помош на хроматографија на хартија.
• фотографии • шематски приказ • табели • цртежи • пополнети работни листови
• потврдување/негирање на поставените хипотези • кратка презентација на секоја од групите поодделно • заедничка дискусија зошто нивните тврдења се докажани и издржани
Ботаничка градина
Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.
Најави се Регистрирај се