Краток опис: Водните живеалиштата со своите физички и хемиски карактеристики, обезбедуваат услови за развој и опстанок на различни видови организми, кои се разликуваат меѓусебно како морфолошки така и функционално, и секој од нив има специфична улога и зазема посебно место во самото живеалиште преку адаптација, интеракција и сл.
Ниво: I, II, III, IV
Времетраење: 180 минути
Код: ТЕР 7.2
Големина на група: 30
Средина: Лабораторија
Препорачана сезона: терен
Мали планктонски мрежи, дреџи, кепчиња, пластични кофи, кадички, пластични флакончиња, петриевки, пинцети, игли, лупи, теренски бинокулари, термометри, теренски pH метри, pH раствори - пуфери, лакмус ленти.
Вовед - 10 min Учениците повторуваат за поимите „животна средина“ и „живеалишта“ и се воведуваат во типот на живеалиштата кои ќе бидат предмет на истражување, добиваат насоки за набљудувањето, начинот на колекционирање на материјалот, негова анализа и понатамошното исполнување на задачите (споредување на резултати, дискусија и сл.) Реализација на терен - 20 min Учениците, поделени во мали групи (5-7) набљудуваат и колекционираат материјал од 4 различни типови живеалишта: • езеро (Охридско Езеро), • бара (биофилтер во дворот на Хидробиолошки завод, Охрид), • канал (Студенчишки канал) и • извор (Билјанини извори) На почеток се набљудува живеалиштето и неговата околина и се бележат основните карактеристики (стоечка или течечка вода, растенија, крупни животни и сл.) На терен се мерат температура на водата со термометар и pH со теренски pH метар, pH раствори - пуфери, лакмус ленти. Со помош на мали планктонски мрежи се колекционира фито и зоопланктон, додека со рачни дреџи, ќепчиња или мали багери се колекционира материјал за фауна на дно. Материјалот, собран во соодветни пластични флакончиња се транспортира до лабораторија, каде се анализира под микроскоп и бинокулар. Реализација во лабораторија - 20 min Во лабораториите на институтот секоја група работи на својот материјал и ги бележи резултатите. Материјалот за фито и зоопланктон се концентрира преку филтер чаши и се поставува под микроскоп. При тоа учениците се запознаваат со растителниот и животинскиот планктон и нивните разлики. Од материјалот собран од дното на живеалиштата со помош на игли, пинцети и по потреба лупи се изолираат покрупните претставници од фауната која живее на дното (школки, полжавчиња, ракчиња, црвчиња), кои потоа се набљудуваат под теренски или лабораториски бинокулари и учениците учат да ги распознаваат различните групи. Дискусија - 10 min Претставување и споредување на резултатите или тестирање на осознаеното.
• Да ја набљудуваат природата, • Да прават разлика помеѓу различните типови водни живеалишта, • Да мерат на терен одредени физичко-хемиски параметри • Да колекционираат материјал за различни истражувања • Почитување на правила за однесување во лабораторија • Изолирање на живите организми од собраниот материјал и нивно набљудување под микроскоп • Да прават разлики помеѓу растителен и животински планктон • Да разликуваат групи организми од макрозообентосот (школки, полчави, ракчиња и сл.) • Како животните услови го одредуваат составот на живите заедници • Да бележат резултати добиени од терен и од лабораторија • Да донесуваат свои заклучоци и да споредуваат • Како изгледа тимска работа.
• Резултатите се бележат во тетратки или претходно приготвени теренски листови • Резултатите од набљудувањата на терен можат да бидат и дескриптивни • Резултатите од конкретните мерења на терен и во лабораторија можат да бидат претставени во табели
Од учениците ќе се очекува на крајот од активностите да знаат да го опишат живеалиштето и неговите физички карактеристики врз основа на набљудувањето, да дискутираат за условите во живеалиштетко кои ги констатирале врз основа на своите истражувња и како тие услови овозможиле опстанок на животните заедници кои се регистрирани (адаптација, интеракција и сл.)
ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид
Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.
Најави се Регистрирај се