РАСТЕНИЈАТА КАКО ПРОЧИСТУВАЧИ НА ПОЧВА, ВОДА И ВОЗДУХ

Ботаничка градина

img

Краток опис: Еден од најпродуктивните начини за намалување на загадувањето на воздухот едолгорочна стратегија за зголемување на зеленилото во градовите, но и на целататериторија на државата. Подрачјата каде вегетацијата го изгубила својот животен простор,тешко се враќа во првобитната состојба. Губењето на зеленилото и ефектот на стакленаградина се две меѓусебно поврзани еколошки теми кои имаат големо влијание врзклиматските промени и животната средина. Ефектот на стаклена градина е природенпроцес кој овозможува земјата да задржи дел од сончевата енергија и да одржува топлаклима. Сепак, човековите активности, како согорување на фосилни горива и уништување нашумите, ги зголемуваат концентрациите на стакленички гасови (јаглероден диоксид, метан,азотни оксиди и други), што доведува до засилен ефект на стаклена градина и глобалнозатоплување. Засилениот ефект на стаклена градина се јавува како резултат на намалувањена количината на топлотно зрачење кое од површината на Земјата се пропушта вовселената. Топлината се акумулира во атмосферата и таа станува потопла.Загадувањето на воздухот може да предизвика оштетување на озонската обвивка и дапредизвика засилен ефект на стаклена градина. Со засиленото испуштање на загадувачи воживотната средина, а особено во воздухот, тие се транспортираат во атмосферата, семенуваат со различни реакции и се враќаат кон Земјата во облик на врнежи во соодветниметеоролошки услови. Загадувањето на воздухот придонесува кон формирање на киселитедождови кои го менуваат хемискиот состав почвата и подземните води. Тоа има низанегатвни влијанија врз растителниот и животинскиот свет, може да доведе до изумирањена растенијата, микроорганизмите, а претставува и една од главните причини занамалување на количината на питка вода на светско ниво, што претставува многу сериозенпроблем.

Ниво: I, II, III, IV

Времетраење: 180 минути

Код: TEP 7.7

Големина на група: 20

Средина: Лабораторија, истражување на отворено

Препорачана сезона: Есен, зима, пролет, лето

Потребни материјали

Микроскоп, стереоскопски микроскоп, предметни стакленца, покровни стакленца,
пинцети, капалка за вода, почва, саксии, семе од различни растенија, материјали за
сликовито претставување на процесите и добиените резултати, хемикалии, епрувети,
стаклени садови, чаши и ѕвона, петриеви садови, свеќи, запалки, извор на светлина и
топлина, термометри, мерачи на време, ПМ10 мерачи, CIRAS 4 мерач, експериментални
растенија и др.

Детален опис

Работилницата се состои од повеќе активности што придонесуваат кон совладување на
процесите предвидени за соодветното ниво ученици.

Вовед во работилницата – 15 мин.
Учениците се запознаваат со актуелната тема на истражување. Се поставуваат хипотези за
истражувањето кое следува.

Запознавање со инструментите и материјалите – 15 мин.
Учениците се запознаваат со растителните примероци кои ќе бидат проучувани, како и со
потребната оптичка опрема, лабораториска опрема и мерните инструменти потребни за
целокупниот процес. Се запознаваат со начинот на ракување со опремата, како и можните
ризици од неправилно ракување со истата.

Реализација на работилницата – 120 мин.
Во зависност од бројот на учесниците, се формираат групи од 4 до 6 ученици. Запознавање
со процесите за докажување на загадувањето на почвата, водата и воздухот преку
реализирање различни експериментални активности и мерења приспособени според
возрасната група на учениците.

Резултати, дискусија и заклучоци – 30 мин.
Претставник од секоја група накратко ги презентира резултатите и заклучоците од
набљудувањето и истражувањето. Во зависност од возрасната група на учениците, во
форма на рачно изработени цртежи, се презентираат добиените заклучоци, како и
можните решенија за актуелната проблематика. За секоја хипотеза се дискутира дали се
прифаќа или се отфрла и зошто.

Активност 1.

Експеримент кој докажува загадување на воздухот
Со овој експеримент, со помош на експериментални стаклени садови и извор на чад
докажуваме на кој начин се создава смогот, како кружи и како се задржува.

Активност 2.
Експеримент кој ја докажува улогата на растенијата во прочистувањето на водата
Со овој експеримент ја докажуваме улогата на кореновиот систем во филтрацијата на
водата во почвата. Со додавање вода во одделни садови, едниот со засадено растение и
добро развиен коренов систем, другиот без растение, се забележува разликата помеѓу
филтрираната вода.

Активност 3.
Проучување на растителните органи и микроскопирање
Со оваа активност постапно се објаснува процесот на фотосинтеза и крајните продукти. Под
светлосен микроскоп се разгледуваат растителни ткива кои учествуваат во процесот. Се
дава акцент на стоминиот апарат и спроводните снопчиња. Покрај тоа, учениците ќе
разгледуваат трајни препарати и хербаризирани примероци од растителни ткива кои имаат
оштетувања предизвикани од различни загадувачи и ќе прават споредба на здрави и
оштетени растителни ткива.

Активност 4.
Експеримент кој прикажува ефект на стаклена градина
Со овој експеримент се потврдува ефектот на стаклена градина. Два одделни стаклени
садови, во кои се наоѓа вода и коцки мраз, едниот поклопен со стаклен затворач, се
поставуваат пред извор на топлина која придонесува во испарување на водата. Се мери
температурата и отстапувањата на нивото на водата. Коцките мраз ги претставуваат
светските ледници.


Активност 5.
Експеримент кој го докажува процесот на фотосинтеза и ослободување на кислород
Со овој експеримент се докажува интензитетот на искористеност на кислород. Под две
стаклени ѕвона се поставуваат запалени свеќи, но под едното стаклено ѕвоно се поставува и
растителен примерок кој би произведувал кислород во текот на експериментот. Се мери
временскиот период на горењето на свеќите што ја дава разликата на создаден и
искористен кислород.

 Дополнително се изведува експеримент кој визуелно прикажува присуство на гасови
во листовите кај растенијата при процесот на фотосинтеза: во медицински шприцови
се вметнуваат дискови од растителни листови и соодветен раствор од сода
бикарбона и вода, при што со повлекување на затворениот шприц се извлекуваат
гасовите од растителното ткиво и се менува притисокот. По завршување на оваа
постапка, растителните ткива се поставуваат во сад со вода при што потонуваат на
дното, со што се докажува отсуството на гасови во внатрешноста на ткивата. Истиот
сад со вода и растителни дискови се поставува под извор на светлина и топлина, со
што одново се отпочнува процесот на фотосинтеза и транспортот на гасовите. По
изведување на оваа постапка се забележува придвижување на дисковите кон
површината како резултат на повторното присуство на гасовите во внатрешноста на
растителните ткива.


Активност 6.
Експериментални мерења со помош на CIRAS 4 мерач

Експериментално се мери интензитетот на фотосинтеза и количеството на СО₂ кај здрави и
оштетени растителни примероци. Резултатите се претставуваат табеларно графички.
Активност 7.
Мерење на количеството на ПМ10 честички на определени локации
Се изведуваат експериментални мерења на ПМ10 честички на претходно определени
мерни точки. Резултатите се анализираат, споредуваат и се претставуваат табеларно и
графички.
Дополнителна активност: За учениците од ниво I предвидена е дополнителна активност
со засадување семиња, како надополнување на успешно совладување на
експерименталниот и делот со презентираните резултати.

Очекувани резултати

 Учениците ги препознаваат деловите на растенијата и нивната улога во процесите
 Учениците прават разлика помеѓу продуктите кои се добиваат при процесите
 Учениците ја согледуваат главната улогата на растенијата во прочистувањето на
почвата, водата и воздухот
 Учениците се запознаени со ефектот на стаклена градина и можните ризици
 Учениците се запознаени со циклусот на кислородот и фотосинтезата
 Учениците се свесни за климатските промени
 Учениците прават разлика и наведуваат можни ризик фактори и загадувачи на
почвата, водата и воздухот
 Учениците претставуваат и анализираат вредности од мерења со инструменти
 Учениците се запознаени со киселите дождови и факторите кои влијаат за нивно
создавање. Се претставуваат можни решенија.
 Учениците се запознаени за начинот на создавање на смогот и неговото штетно
влијание.
 Учениците се свесни за влијанието на загадувањето врз растителниот и целокупниот
жив свет, како и за предизвиците за справување со загадувачите.

Презентација на резултати

1. Фотографии
2. Шематски приказ
3. Табели
4. Цртежи
5. Пополнети работни листови

Интерпретација на резултати

1. Потврдување/негирање на поставените хипотези
2. Кратка презентација на секоја од групите одделно
3. Заедничка дискусија зошто нивните тврдења се докажани и издржани

Заклучоци:

Сумирање на најважните заклучоци од работилницата.

Возрасти

  • I одделение
  • II одделение
  • III одделение
  • IV одделение
  • V одделение
  • VI одделение
  • VII одделение
  • VIII одделение
  • IX одделение
  • Прва година (Средно образование)
  • Втора година (Средно образование)
  • Трета година (Средно образование)
  • Четврта година (Средно образование)

Ботаничка градина


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се