ЛОВ НА ЗАГАДУВАЧИ

Националeн парк Галичица

img

Краток опис: Загадувачите на воздухот се супстанци во воздухот кои можат да им наштетат на луѓето,растенијата и животните. Некои загадувачи на воздухот се природно присутни, како што сезагадувачите кои се ослободуваат од шумските пожари и вулканските ерупции. Другитезагадувачи на воздухот се предизвикани од човекот, како што се загадувачите кои сеослободуваат од транспортот, производството на електрична енергија и индустрискотопроизводство. Загадувачите на воздухот се одразуваат лошо врз здравјето на луѓето ипридонесуваат кон климатските промени.

Ниво: I

Времетраење: 180 минути

Код: ТЕР 7.8

Големина на група: 30

Средина: Инфо центар на Национален парк Галичица

Препорачана сезона: Пролет, лето, есен, зима

Потребни материјали

Формулар за пополнување, двоглед, мапа од Едукативна патека, канти за рециклирање,
ќеси за ѓубре, тефтер, молив.

Детален опис

Реализацијата ќе се одвива во временски период од два часа и се состои од повеќе
активности, каде еден час ќе се истражува во природа, а останатиот дел е предвиден за
евалуација и меѓусебна дискусија во инфо-центарот на НП Галичица.

Вовед во работилницата - 10 минути
Учениците се запознаваат или потсетуваат за составот на воздухот и улогата на чистиот
воздух во здравјето на живиот свет и природата воопшто. Се поставува хипотеза за
истражувањето.

Запознавање со опремата и материјалите - 10 минути
Едукаторот дава насоки за опремата и нагледните средства кои ќе се користат во текот на
работилницата и обрнува внимание на можни грешки и внимателно користење на
опремата.

Реализација на работилницата - 40 минути
Учениците поделени во групи ја посетуваат едукативната патека „Галичица на дланка“.
Треба да ги идентификуваат изворите на загадување на воздухот долж патеката, која се
наоѓа во непосредна близина на градот Охрид, но сепак е лоцирана во една подлабока
шума. Активноста ги носи учениците на прошетка во природа, барајќи човечки активности
кои влијаат на квалитетот на воздухот. Активноста е предвидена за работа во групи, па го
поттикнува тимскиот дух кај учениците, а со помош на двоглед и вклучување на нивните
сетила ќе можат да мапираат што е можно повеќе загадувачи.

Резултати, дискусија и заклучоци – 60 минути
Претставник од секоја група накратко ги презентира резултатите и заклучоците. За секоја
хипотеза се дискутира дали се прифаќа или се отфрла и зошто.

Очекувани резултати

 Учениците ги идентификуваат загадувачите на воздухот
 Учениците прават споредба помеѓу загадувачите на воздухот на планина и во град
 Учениците предлагаат низа активности за подобрување на квалитетот на воздухот
 Учениците поминуваат повеќе време во природа

Презентација на резултати

Фотографии, број на загадувачи, пополнети формулари, споредба и анализа на резултати,
приказ на резултатите.

Интерпретација на резултати

 Потврдување/негирање на поставените хипотези;
 Кратка презентација на секоја од групите одделно;
 Заедничка дискусија зошто нивните тврдења се докажани и издржани
 Споредба на резултати од различни групи ученици.
 Споредба на загадувачи во град и на планина.

Заклучоци:

 Учениците да знаат дека загадувањето на водухот е секојдневен проблем.
 Апел до населението и јавноста за превземање сериозни чекори против загадувањето

на водухот.
 Учениците да превземаат активности и да ја шират еколошката свет помеѓу нивните
генерации.

Возрасти

  • I одделение
  • II одделение
  • III одделение

Националeн парк Галичица


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се