НЕОБИЧНИТЕ ЧЕСТИЧКИ ВО ВОЗДУХОТ

Националeн парк Галичица

img

Краток опис: Загадувачите на воздухот се супстанци во воздухот кои можат да им наштетат на луѓето,
растенијата и животните. Националните паркови не се исклучени од влијанието на
антропогено загадување, како што се уредите за согорување на домаќинствата,
индустриските капацитети, моторните возила, хемикалии кои се користат во
земјоделството, депонирање отпад и сл. Некои загадувачи на воздухот се природно
присутни, како што се загадувачите кои се ослободуваат од шумските пожари.
Загадувањето на воздухот е штетно за екосистемите. Загадувањето на воздухот во
поголемиот дел од нашите национални паркови негативно влијае врз голем број видови и
живеалишта. Негативното влијание се одразува преку оштетување на лисјата, промени во
хемијата на почвата и водата и забавување на растот на растенијата. Загадувањето на
воздухот може да ги намали можностите за релаксација и да го намали нашето уживање на
планина така што влијае на тоа колку добро можеме да ги видиме боите, формите и
текстурите на природните и историските глетки, се создава бела или кафена магла што
влијае на тоа колку далеку можеме да видиме. Загадувањето на воздухот предизвикува
респираторни и други болести.
Кога станува збор за честичките во загадениот воздух, тоа е се што е цврсто или течно
суспендирано во воздухот. Вклучува чад, испарувања, саѓи и други производи од
согорувањето, но исто така и природни честички како прашина од ветер, полен и спори.
Тука се и честичките кои директно излегуваат од оџаците на издувните гасови и издувните
цевки. Загадувањето на воздухот со честички е мешавина од загадувачки материи од
различни извори.

Ниво: II

Времетраење: 120 минути

Код: ТЕР 7.9

Големина на група: 30

Средина: Инфо центар на Национален парк Галичица

Препорачана сезона: Пролет, лето, есен

Потребни материјали

Предметно стакло, покровно стакло, двострана леплива трака, стапчиња за уши,
микроскоп, формулар за пополнување и опис на активноста.

Детален опис

Вовед - 10 минути
Учениците се потсетуваат за поимите „животна средина“, „загадување“ и „квалитет на
воздух“, се информираат за темите и предметите што ќе бидат предмет на истражување,
добиваат насоки за набљудувањето, методологијата, прибирање на материјалот за
анализирање, негова анализа и за натамошното исполнување на задачите.

Реализација во лабораторија и на терен – 50-60 минути
Сè што треба да направат учениците е да намачкаат тенок слој вазелин преку централниот
дел на предметно стакло со чист памук. За подобри квантитативни податоци на крајот од
експериментот, покровните стакла со мрежа се идеални. Учениците треба да изберат каде
сакаат да го остават својот примерок покриен со леплива трака, кој треба да се експонира
на влијание на воздухот во следните 24 часа. Учениците имаат опција да ги постават надвор
и внатре во центарот за да може да се споредат. Во следните 24 часа, најголемиот дел од
честичките што лебдат наоколу во просторот ќе се спушти на стаклото и ќе се залепи за
траката.
Како што може да претпоставиме генерално многу повеќе честички ќе има на стакленцата
на отворено! Одлично би било учениците да го нацртаат она што ќе го забележат и да
развијат дискусија за каков вид на честички станува збор и кои се најчести. Во текот на
надбљудувањето под микроскоп, може да се направат фотографии преку камера која е
поврзана со микроскоп, или да се прикаже на поголем екран за дополнително да се
анализира материјалот. Со оглед на тоа дека се работи за период од 24 часа, едукаторот ќе
има веќе приготвен материјал за анализирање, а учениците само ќе ја изведат постапката.

Дискусија и евалуација - 60 минути
Претставување и споредување на резултатите или тестирање на наученото.
Активноста е предвидена да биде со времетраење од два часа, каде еден час ќе се
реализира активноста, а останатото време ќе се спроведе евалуација и дискусија.

Очекувани резултати

 Учениците да ја набљудуваат природата
 Да ги идентификуваат загадувачите на воздух
 Да прават споредба помеѓу загадувачите на отворен и во затворен простор
 Да предлагаат низа активности за подобрување на квалитетот на воздух
 Да ги бележат резултатите добиени од терен и од лабораторија
 Да донесуваат свои заклучоци и да споредуваат
 Да работат тимска работа

Презентација на резултати

Фотографии, микроскопски фотографии, пополнети формулари, споредба и анализа на
резултати, приказ на резултатите.

Интерпретација на резултати


Дискусија помеѓу едукаторот и учениците.

Споредба на резултати од различни групи ученици.

Споредба на загадувачи во отворен и затворен простор.

Заклучоци:


Учениците да знаат дека загадувањето на водухот е секојдневен проблем.

Апел до населението и јавноста за превземање сериозни чекори против
загадувањето на водухот.

Учениците да превземаат активности и да ја шират еколошката свет помеѓу нивните
генерации.

Возрасти

  • I одделение
  • II одделение
  • III одделение
  • IV одделение
  • V одделение
  • VI одделение
  • VII одделение
  • VIII одделение
  • IX одделение
  • Прва година (Средно образование)
  • Втора година (Средно образование)
  • Трета година (Средно образование)
  • Четврта година (Средно образование)

Националeн парк Галичица


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се