ИНДЕКС НА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ

Националeн парк Галичица

img

Краток опис: Индексот за квалитет на воздухот е скала што се користи за да покаже колку е загаденвоздухот, заедно со ризиците поврзани со секоја оцена. Индексите за квалитет на воздухотимаат две главни цели: да се информира јавноста за квалитетот на воздухот на разбирливначин за да може да преземе мерки за заштита на здравјето и да им помогне на земјите даразвијат и проценат политики за подобар квалитет на воздухот.

Ниво: III, IV

Времетраење: 120 минути

Код: ТЕP 7.10

Големина на група: 30

Средина: Инфо центар на Национален парк Галичица

Препорачана сезона: Пролет, лето, есен

Потребни материјали

Формулар за пресметка на Индекс на квалитет на воздух, таблет за преглед на достапни
податоци, формулар за пополнување на одредени мерни параметри, термометар,

хигрометар, апарат за мерење ПМ честички, молив, тетратка.

Детален опис

Вовед – 15 минути
Во почетокот на активностите учениците повторуваат за поимите „животна средина“ и
„загадување“ и се воведуваат во предметот на истражување, добиваат насоки за
набљудувањето, начинот на прибирање податоци, анализа на податоци и за натамошното
исполнување на задачите (споредување на резултатите, дискусија и сл.).

Реализација на истражување во лабораторија – 40-60 минути
Индексот на квалитет на воздухот (Air Quality Index - AQI) е мерка која се користи за оценка
на квалитетот на воздухот во одреден период. Пресметката на AQI вклучува повеќе
загадувачи, но најчесто се користат следниве пет: (озон О 3 ; азот диоксид NO 2 ; сулфур
диоксид SO 2 ; честички со дијаметар до 2,5 μm PM2,5; честички со дијаметар до 10 μm
PM10) и затоа за секој загадувач посебно се пресметува индекс за квалитет на воздухот.
Индексот се состои од шест категории кој се вреднуваат од Многу добро до Опасно. Се
пресметува преку математичка формула која е односот на измерена концентрација на
честички во воздухот (прочитана вредност по мерна станица) со граничните вредности на
концентрацијата на загадувачот помножен со 100.
Учениците ќе имаат задача да пресметаат Индекс на квалитет на воздух за различни
градови со користење на достапни податоци на официјалната страна од Министерство за
животна средина и просторно планирање. Процесот на пресметка ќе се реализира со
помош на едукаторот.
На крај учениците ќе добијат формулар каде со помош на мерни апарати ќе имаат задача
да измерат PM честички, брзина на ветар, температура, бучава, влажност, CO 2 , NO 2 .
Учениците ќе бидат поделени на четири групи и секоја група ќе зема податоци од различни
точки долж едукативната патека.

Дискусија, претставување и споредување на резултатите – 30 минути
Се поттикнуваат учениците, по истражувањето, да ги анализираат евидентираните
податоци, да ги споредат добиените резултати, а преку дискусија и јавна презентација се
донесуваат заклучоци. На крај од дискусијата и добиените резултати ќе се дојде до
заклучок каде воздухот бил почист.

Очекувани резултати

 Учениците да знаат да пресметаат Индекс на квалитет на воздух
 Да ги бележат резултатите добиени од истражуваата и да ги анализираат и
споредуваат.
 Учениците да знаат да ги користат потребните податоци во решавање на проблемот
со загадување на водух
 Учениците знаат зошто се користат одредени параметри при мерење на Индекс на
квалитет на воздух
 Учениците предлагаат низа активности за подобрување на квалитетот на воздух

 Да ја воочат важноста од обезбедување квалитетен воздух

Презентација на резултати

Фотографии, пополнети формулари, споредба и анализа на резултати, приказ на
резултатите.

Интерпретација на резултати

Групната работа, прибирањето податоци, пресметките и мерењата, како и анализите на
податоците, им помагаат на учениците сами да ги осознаат условите во животната средина.
Дискусија помеѓу едукаторот и учениците ќе обезбеди повторување на веќе научените
поими: здрава животна средина, квалитетен воздух, загадување, извори на загадување и
сл.

Заклучоци:


Учениците да знаат дека загадувањето на водухот е секојдневен проблем.

Апел до населението и јавноста за превземање сериозни чекори против загадувањето
на водухот.

Учениците да превземаат активности и да ја шират еколошката свет помеѓу нивните
генерации.

Возрасти

  • VII одделение
  • VIII одделение
  • IX одделение
  • Прва година (Средно образование)
  • Втора година (Средно образование)

Националeн парк Галичица


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се