ОЦЕНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ И УЛОГАТА НА ФИЛТРИТЕ ВО ПРОЧИСТУВАЧИТЕ ЗА ВОЗДУХ

Народна техника - Скопје

img

Краток опис: Квалитетот на воздухот се однесува на состојбата и чистотата на воздухот што говдишуваме. Определувањето на квалитетот на воздухот вклучува мерење на различнипараметри и определување на загадувачите кои можат да влијаат на здравјето на луѓето ина животната средина. Еден од параметрите поврзан со квалитетот на воздухот сечестичките присутни во воздухот кои имаат директно влијание врз респираторниот системи CO 2 кој претставува стакленички гас која ја задржува топлината во атмосферата и со тоадопринесува за глобалното затоплување. Во оваа работилница учениците на различнилокации ќе ги мерат:1. Концентрацијата на цврстите честички (кои по својот дијаметар се делат на PM2.5 иPM10) во околната средина со што ќе го определат квалитетот на воздухот, а потоа ќего согледаат влијанието на различните видови филтри (HEPA и филтер со активенјаглен) врз квалитетот на воздухот.2. Концентрацијата на CO 2 во воздухот

Ниво: II, III, IV

Времетраење: 190 минути

Код: ТЕР. 7.11

Големина на група: 20

Средина: Лабораторија, истражување на отворено

Препорачана сезона: Сите сезони

Потребни материјали

Пластична цевка, филтер хартија, сунѓер, активен јаглен, памук, пумпа за воздух, мерни
инструменти за мерење на квалитет во воздухот

Детален опис

Работилницата се состои од повеќе активности што придонесува кон осознавање на
квалитетот на воздухот и улогата на филтрите кои се користат во прочистувачите на воздух.

Воведни прашања поврзани со квалитет на воздухот и улогата на филтрите – 5 минути

Вовед во работилницата – 15 минути
Учениците се запознаваат со начинот на мерење на инструментите и материјалите кои ќе
ги употребуваат во текот на работата.

Реализација во работилница – 60 минути
Учениците во работилница изработуваат три филтри: еден празен, еден со активен јаглен и
еден HEPA (од анг. high-efficiency particulate air) филтер.

Реализација на терен – 60 минути
Учениците поделени во 4 групи излегуваат на терен и вршат мерење на квалитет на воздух
на неколку различни локации со различен степен на загаденост (во парк, покрај прометна
улица и сл.). На секоја локација прават мерења на цврстите честички без филтер и со
користење на филтри, но и на CO 2 . Добиените резултати ги запишуваат во табели за
подоцнежно споредување и истражување.

Истражување - 30 минути
Ги анализираат добиените резултати за квалитет на воздух на различни локации и улогата
на филтрите при прочистување на воздухот. Ги отвораат филтрите и со помош на лупа ги
набљудуваат собраните честички кои всушност ги вдишуваме

Заклучок – 15 минути
Сами доаѓаат до сознанија за квалитетот на воздухот и на дел од причинителите за
загадување на истиот.
Евалуација на работилницата – 5 минути

Очекувани резултати

 Учениците ги интегрираат знаењето, вештините и искуството кои ги стекнале во
училницата и за време на работилницата
 Учениците ги анализираат резултатите од мерењата, со фокус на различните видови филтри
 Учениците можат да интерпретираат научни резултати на начин што е јасен и разбирлив
за другите
 Преку Искуственото учење зголемена свесност и одговорност за зачувување на
животната средина

Презентација на резултати

Резултатите се претставуваат во табела во која се запишуваат измерените вредности на
концентрацијата на честичките (PM2.5 и PM10) кога не се користи филтер и кога се користи
филтер (или повеќе различни филтри). Во една колона ги запишуваат измерените
вредности на CO 2. Се прават по неколку мерења на неколку различни локации со различен
степен на загаденост.

Интерпретација на резултати

По пополнување на табелата секоја група ги толкува резултатите со користење на научна
терминологија разбирлива за сите ученици од групата.
Секоја група ги споделува своите резултати и заклучоците до кои дошле.
Се води дискусија за активности кои би можеле да ја намалат концентрацијата на ПМ
честичките и на CO 2 во воздухот и како секој како поединец може да допринесе за почиста
животна средина

Заклучоци:
Овозможено е учење базирано на искуство. Теренското набљудување и истражување, како
и направените мерења и анализата на резултатите им помагаат на учениците сами да
дојдат до заклучок за влијанието на загадувачите врз квалитетот на воздухот, како да се
заштитат од истите и како загадувачите влијаат на животната средина.

Возрасти

  • VI одделение
  • VII одделение
  • VIII одделение
  • IX одделение
  • Прва година (Средно образование)
  • Втора година (Средно образование)
  • Трета година (Средно образование)

Народна техника - Скопје


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се