Краток опис: Учениците низ практична работа и експерименти ќе се запознаат со енергетскитекарактеристики на градежните материјали кои се вградуваат во објекти за домување. Тиеќе ја мерат температурата во внатрешноста на три модели на куќи (еден неизолиранобјект, другиот објект стандардно изолиран со дебелина на изолациониот материјалd = 10 cm, и третиот објект со иновативни изолационен материјал од лесен перлитенведралит бетон). Во текот на работилницата тие треба да ја согледаат важноста на добратаизолација која индиректно влијае на квалитетот на воздухот. Исто така, за време наработилницата учениците ќе имаат можност да се запознаат со можностите заподобрување или рехабилитација на термичката изолација на постоечките објекти (вонашиот случај на неизолираниот објект) како и за подобрување на слабо изолираниотобјект.
Ниво: II, III, IV
Времетраење: 180 минути
Код: TEP 7.12
Големина на група: 20
Средина: На отворено
Препорачана сезона: Сите сезони
Прилог табела
Работилницата ќе се реализира на однапред подготвени три модели на објекти за
домување - куќи.
Првата куќа ќе биде изработена од дрвени греди и дел од керамички блокови со дебелина
12 cm како објект кој не е изолиран.
Вториот објект ќе биде изработен со дрвени греди со дебелина 10 cm и дел изолиран со
тервол, а дел со стиропор со дебелина 10 cm.
Tретиот објект ќе биде изработен од ведралит елементи со дебелина 30 cm, а дел со
дебелина 20 cm како пример за добро изолиран објект.
Вовед во работилницата – 20 минути
Во трите објекти учениците ќе постават идентични грејни тела (калорифери), термички
сонди и термометри. Во разговор ќе се определат најдобрите позиции за поставување на
грејните тела за најефикасно загревање на домовите
Реализација на терен – 100 минути
Со термо камерите ќе можат да ги следат сите термички промени на материјалите. Ќе се
направат по 4 мерења кои ќе се вршат на секои 15 минути. Потоа следува дискусија за
изнаоѓање на решение за подобрување на изолационите карактеристики на куќите како и
повторување на мерењата со предложените решенија.
Истражување - 30 минути
Учениците по двајца истражуваат како подобрените изолациони карактеристики влијаат
врз поефикасно затоплување со заштеда на енергија и со тоа на квалитетот на воздухот и
зачувувањето на животната средина
Презентација на резултатите и истражувањето и заклучоци – 30 минути
Учениците ги презентираат своите резултати и заклучоците до кои стигнале при мерењата
и истражувањето и даваат конкретни примери како секој како поединец може да
допринесе за поздрава животна средина
- Учениците ги интегрираат знаењето, вештините и искуството кои ги стекнале во
училницата и за време на работилницата
- Имајќи предвид дека во периодот на грејната сезона домаќинствата учествуваат со
повеќе од 40% во процесот на загадување на воздухот, низ практични примери и
мерења на тест објекти учениците ја осознаваат улогата на термичката изолација
односно енергетската ефикасност на објектите.
- Преку искуственото учење, зголемена свесност и одговорност за зачувување на
животната средина
Резултатите од мерењата се прикажуваат табеларно.
Низ практичните примери и добиените резултати учениците ќе можат да ги споредат
мерењата на тест објектите. Притоа ќе осознаат дека најголем потрошувач на енергија
(загадувач на воздухот) е неизолираната куќа, а најдобро решение е добро изолираната
куќа и дека за постигнување на ист термички комфор во објектите ќе имаме различна
потрошувачка на енергија - односно различен степен на учество во загадување на воздухот.
Заклучоци:
Овозможено е искуствено учење. Учениците преку мерењата на температурите на трите
тест објекти ќе ја осознаат улогата и влијанието на енергетската ефикасност на ѕидната
опшивка на објектите за домување како битен фактор зачувување на животната околина и
чистиот воздух преку заштеда на енергија.
Народна техника - Скопје
Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.
Најави се Регистрирај се