Краток опис: Загадениот воздух содржи материи и гасови кои штетно влијаат врз здравјето на човекот иживотната средина. Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честички, течникапки или гасови. Можат да се создадат по природен пат или да се настанати какопоследица на човековите активности.Ефектите од загадувањето на воздухот врз околината се: кисели дождови, осиромашувањена озонскиот слој, глобално затоплување, нарушување на општата здравствена состојба,срцеви и респираторни заболувања, ризик од појава на канцерогени заболувања.Ефекти на кисели дождови:- Ја загадуваат водата за пиење и вегетацијата- Го загрозуваат животот во водните системи- Го менуваат хемискиот состав на почвите- Ја нарушуваат рамнотежата во екосистемите- Влијаат врз синџирот на исхрана.- Предизвикуваат нарушувања во екосистемите- Нарушување на растот и изумирање на живите организмиЗагадувањето на воздухот, климатските промени и киселиот дожд се дел од пошироките еколошки прашања, а нивното решавање бара меѓународна соработка, одржливи практикии усвојување почисти технологии за намалување на емисиите на стакленички гасови изагадувачи на воздухот.
Ниво: Второ ниво
Времетраење: 180 минути
Код: TEP 7.13
Големина на група: 30
Средина: Едукативен центар за зачувување на природата- с. Негрево, баричка ,,Езерце”
Препорачана сезона: Пролет, лето, есен
Големи стаклени тегли, мали чаши, растение, помали тегли со решетка, инсект (ларва од
инсект од барски екосистем), стреч фолија, саксии, оцетна киселина, pH метар, почвен pH
метар, термометар на игла, петриеви садови, стаклен сад, мрежа за истиот, леокрил вата
(вид на изолационен материјал кој се користи во градежништвото за топлинска и звучна
изолација), прехрамбена боја (сина, црвена), лимонска киселина (лимонтус), макета за
загадувачи на воздух и воден циклус, модра зелка.
Работилницата се состои од повеќе активности што придонесуваат кон совладување на
процесите предвидени за соодветното ниво ученици.
На почетокот учениците се запознават со предностите кои ги даваат урбаните мочуришта и
колку се важни за градовите да се направат погодни за живот.
Активност на терен – барски екосистем ,,Езерце“ - 40 минути
Учениците работат во групи, мерат pH на вода во барскиот екосистем, ја мерат и
температурата на водата со дигитален термометар, мерат и pH на почва со почвен pH
метар. Податоците ги бележат на претходно подготвени формулари. Во флакончиња
земаат вода од барата за анализа.
Активност во Едукативен центар – 60 минути
Во дворот од центарот се мери температура и pH на водата во малата баричка, околу неа
се мери pH на почвата, учениците ги мерат и бележат и овие податоци, во флакончиња
земаат вода за анализа. Се прави споредба со pH од барски еко систем.
Се поставува хипотеза „молекули од CO 2 , SO 2 , NOх во воздухот се врзуваат со водата од
водната пара и се добиваат киселини кои вршат закиселување на дождот“.
Се преминува кон набљудување на макетата за загадувачи на воздухот и се мапираат
загадувачите виновни за создавање на киселите дождови.
Истражување:
Активност 1:
Учениците работејќи во група се запознаваат со потребните материјали и
начин на изведување на експериментите предвидени за докажување на кисел дожд, –
изведување на експеримент и бележење податоци.
Користејќи природни индикатори за pH можат да ја забележат разликата меѓу кисел и
базичен раствор.
Активност 2:
Поставување експеримент за докажување како киселите дождови влијаат на закиселување
на вода и почва – експериментирање, мерење и бележење податоци
Активност 3:
Спроведување експеримент за докажување како киселите дождови влијаат врз живи
организми земени од барскиот екосистем (флора и фауна) – експериментирање, мерење и
бележење податоци.
Спроведување евалуација и дискусија – 20 минути
Учениците ги презентираат и споредуваат добиените податоци, ја потврдуваат или
отфрлаат поставената хипотеза.
Се поведува дискусија- воедно на електронската табла одат шематски прикази за дадените
проблематики.
Учениците ги идентификуваат кои загадувачи на воздухот влијаат на квалитетот на
живот и придонесуваат кон создавање кисели дождови.
Учениците прават споредба на податоци добиени при истражување и донесуваат
заклучоци.
Учениците се запознаени со појавата и влијанијата на кисели дождови и можните
ризици.
Учениците се свесни за влијанието на загадувањето врз растителниот и целокупниот
жив свет, како и за предизвиците за справување со загадувачите.
Учениците предлагаат низа активности за подобрување на квалитетот на воздух а со
тоа и подобрување на квалитетот на водата и водните живеалишта.
Фотографии, пополнети формулари, споредба и анализа на резултати, приказ на
резултатите.
Дискусија помеѓу едукаторот и учениците.
Споредба на резултати од различни групи ученици.
Потврдување/негирање на поставените хипотези.
Заедничка дискусија зошто нивните тврдења се докажани и издржани.
Заклучоци:
Учениците да знаат дека загадувањето на водухот е секојдневен проблем кој влијае на
дождовите и загадување на вода и почва.
Учениците ја подигаат еколошката свест преку искуствено учење
Едукативен центар за зачувување на природата - Негрево
Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.
Најави се Регистрирај се