„КАКОВ ЗАГАДУВАЧ СУМ ЈАС – МОЈОТ ЈАГЛЕРОДЕН ОТПЕЧАТОК“

Едукативен центар за зачувување на природата - Негрево

img

Краток опис: Загадувач на воздухот е секоја супстанца која може да предизвика штета на луѓето иживотната средина. Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честички, течникапки или гасови. Можат да се природни или создадени од човекот.Загадувачите можат да бидат примарни или секундарни. Важен пример за секундарензагадувач е приземниот озон кој е составен дел од фотохемискиот смог. Смогот емешавина од магла и чад која е многу штетна по здравјето на луѓето.Како основни примарни загадувачи на воздухот се јавуваат: сулфурните оксиди, азотниоксиди, метан, јаглерод диоксид. Овие загадувачи влијаат на закиселување на дождовите асо тоа и на сите видови на живеалишта, загадувајќи ја и почвата и водата. Сите овиезагадувачи се виновни за глобалното затоплување и климатските промени. Еден одпараметрите кој ни дава претстава за нашиот удел со секојдневните навики во емисијата настакленичките гасови е јаглеродниот отпечаток (анг. carbon footprint). Јаглероденотпечаток е мерка за вкупната емисија на јаглерод диоксид (CO 2 ) и други стакленичкигасови (како метан и азотни оксиди) кои ги произведува некој поединец, организација,настан. Оваа мерка ги вклучува сите наши активности кои резултираат со емисија на овиегасови, директно или индиректно. Со негово пресметување секој може да види каде сенаоѓа на скалата на големи или мали загадувачи и да утврди како може да го изменисвоето секојдневно однесување за подобрување на својата позиција.Како да се однесуваме? Колку загадуваме? Како тоа се одразува врз останатиот жив свет?Се прашања на кои треба да се потрудиме да им го пронајдеме одговорот.

Ниво: III, IV

Времетраење: 180 минути

Код: ТЕР 7.14

Големина на група: 30

Средина: Едукативен центар за зачувување на природата с. Негрево

Препорачана сезона: Пролет, лето, есен

Потребни материјали

Дигитален pH метар, модра зелка, пиштол за силикон, мали пластични шишиња, сламки за
сок, сода бикарбона (NaHCO 3 ), кибрит, тефтери, смарт-табла, компјутер (таблет), моливи,
пенкала, фломастери.

Детален опис

Работилницата се состои од повеќе активности што придонесуваат кон совладување на
процесите предвидени за соодветното ниво ученици.

Вовед во работилницата – 10 минути
Учениците се запознаваат со актуелната тема на истражување. Се дискутира за
истражувањето кое следува.

Теренска работа- 40 минути
Учениците индивидуално бараат малку поразлични загадувачи, бележат податоци,
поделени во групи мерат pH на барски екосистем „Езерце“ со теренски pH –метар, бележат
податоци, собираат вода во флакони која се транспортира до едукативниот центар. Се
мери pH и се зема вода и од малата баричка.

Работа во Едукативен центар

Прв дел од работилница - 60 минути
Едукативниот центар учениците поделени во групи изведуваат различни истражување
1 група: Користи природен pH индикатор (црвена зелка) и открива промена на боја во
различна средина, истото го применува и на примероците од вода од бара и баричка.
Сe споредува со вредности добиени од pH метар, донесува заклучоци и ги бележи
2 група : истражува промена на боја на природен индикатор со дување со цевче во мало
шише со вода и индикатор. Дискутираат за причини за промена на боја и донесуваат
заклучоци и истите ги бележат
3. група: истражува и открива што е тоа што го зголемува ефектот на смог – преку
експеримент, дискутираат, донесуваат заклучоци, запишуваат
4 група: Пресметува свој јаглероден отпечаток на калкулатор од платформа наменета за
тоа, https://carbonfootprint.mk/
Запишува податоци за сите членови од група, дискутира, донесува заклучоци
Едукаторот минува низ групите, ја следи нивната активност, по потреба дофрла
предизвици.

Втор дел од работилницата - 50 минути
Секоја од групите пред останатите членови од другите групи презентира што работела,
какви заклучоци добила и на што се должи тоа според нив, поведува дискусија, другите
групи даваат предлози.
Едукаторот ги следи презентациите на сите групи, не им дава насоки, но на крај по
завршувањето на сите презентации, помага во изнаоѓањето решенија за подобрување на
нивните истражувања и добивање резултати.

Евалуација - 20 минути
Едукаторот поведува дискусија за тоа што мислат тие по оваа работилница и колку би
можел секој поединец да направи за да се намали загадувањето на воздухот и климатските
промени.

Очекувани резултати

 Учениците знаат да ги поврзат промените на квалитет на животот со причинителите на
тоа
 Учениците знаат да ги користат потребните податоци за согледување на влијанието на
киселоста врз живите организми и промените во живеалиштата
 Учениците сами доаѓаат до сознанија
 Учениците предлагаат низа активности за подобрување на квалитетот на воздух, вода,
почва.

Претставување

Презентација на резултати

Фотографии, пополнети формулари, споредба и анализа на резултати, приказ на
резултатите.

Интерпретација на резултати

 Дискусија помеѓу едукаторот и учениците.
 Споредба на резултати од различни групи ученици и донесување заклучоци.
 заклучоци од работилницата во насока за намалување на загадувањето и климатските
промени.

Заклучоци:
 Учениците да знаат дека загадувањето на водухот е секојдневен проблем. Врската
меѓу загадувањето на воздухот и закиселувањето на водата, како и емисиите на
јаглерод диоксид (CO 2 ) и климатските промени, е клучна за разбирање на глобалното
влијание на човековите активности врз животната средина. Загадувањето на воздухот
и закиселувањето на водата се тесно поврзани преку процесите кои ги вклучуваат
емисиите на одредени загадувачи и влијанието кое киселите дождови го имаат врз
животната средина. Главните загадувачи на воздухот кои придонесуваат за
закиселување на водата се сулфур диоксид (SO 2 ) и азотни оксиди (NOx).
 Учениците знаат дека закиселувањето на водата влијае врз животните процеси на
живите организми
 Да се подобри разбирањето на влијанието на човековите активности врз
климатските промени преку разбирање на количината на стакленички гасови кои се
емитираат од одредена наша активност
 Да се подигне свеста за нашата улога во климатските промени и важноста на
намалување на емисиите.

Возрасти

  • VII одделение
  • VIII одделение
  • IX одделение
  • Прва година (Средно образование)
  • Втора година (Средно образование)
  • Трета година (Средно образование)
  • Четврта година (Средно образование)

Едукативен центар за зачувување на природата - Негрево


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се