Краток опис:
Учесниците, преку различни активности за преработка на растителни отпадоци ќе се
запознаат со тоа дека може да се добијат природни и органски бои. Бои кои потоа може да
се искористат за обојување, првенствено на текстил, но и на други предмети. Исто така ќе
научат методи со кои може да се прочистуваат отпадните води и притоа да бидат повторно
употребливи за некои намени.
Ниво: II, III, IV
Времетраење: 180 минути
Код: TEP 7.16
Големина на група: 20
Средина: Отворена градска биотехнолошка лабораторија
Препорачана сезона: Есен, зима, пролет, лето
Лабораториски тресилки, ерленмаери, стаклени чаши, вага, држач за епрувети, сито,
мелница, пипети, етанол, метанол, хексан, стаклени инки, филтер хартија, дестилирана
вода, различни видови бобинки или отпад од сок од бобинки, кори од портокал или
мандарини, лушпи од морков, загадена вода, одделителни инки, песок.
Вовед и запознавање со инструменти и материјали – 25 минути
Пред почетокот на активностите, учесниците се запознаваат со опремата и материјалите на
лабораторијата. Учат како да користат лабораториски алатки а притоа да се придржуваат
кон мерките за безбедност кои важат за било која лабораторија.
Активност 1 – Прочистување на вода преку седиментација – 15 минути
При почетокот на активноста, во една чаша вода се ставаат различни цврсти загадувачи
(песок, земја, талог од кафе, и сл.) и водата се промешува. Така подготвената загадена вода
се остава околу 10 минути. По истекот на времето се забележуваат резултатите од
седиментацијата.
Активност 2 – Прочистување на вода преку декантација – 20 минути
При почетокот на активноста, во една чаша вода се истура мала количина растително
масло. Се промешува и потоа со помош на гравитацијата се истура слојот од масло во друга
чаша, без да се истури водата. Истиот процес потоа се повторува, но овој пат со користење
на одделителна инка.
Активност 3 – Прочистување на вода преку филтрација – 10 минути
При почетокот на активноста, загадената вода се подготвува на ист начин како во активност
3. Потоа, на горната страна од инката се става филтер хартија. Загадената вода се истура
низ инката и истата со помош на хартијата се прочистува од дел од загадувачите.
Активност 4 – Одредување на киселост (pH вредност) на течност – 25 минути
Во оваа активност учесниците изработуваат едноставен индикатор за киселост со варење
на растителни отпадоци од различно потекло и обојување на филтер хартија. Потоа,
индикаторот ќе биде испробан во течна средина за да се испита неговата успешност.
Активност 5 – Добивање на природни бои растворливи во вода – 40 минути
Со помош на вагата се мерат тежините на материјалите од кои сакаме да добиеме бои,
поединечно за секој вид. Од секој од нив, се одвојуваат пo неколку грама. Пробата се става
во ерленмаер и се потопува со дестилирана вода. Различни групи може да пробаат
различен однос помеѓу цврста и течна фаза. Така подготвените садови се ставаат на
тресилка и истата се остава да работи околу 30 минути, а потоа низ филтер хартија се
филтрира. Исцедокот е природната боја.
Активност 6 – Добивање на природни бои растворливи во маснотии – 40 минути
Со помош на вагата се мерат масите на материјалите од кои сакаме да добиеме бои,
поединечно за секој вид. Од секој од нив, се одвојува пo неколку грама. Цврстата проба се
става во ерленмаер и се прелева со етанол, метанол или хексан. Различни групи може да
пробаат со различни растворувачи и со различен однос помеѓу цврстата и течната фаза.
Така подготвените садови се ставаат на тресилка и истата се остава да работи околу 30
минути, а потоа низ филтер хартија се филтрира. Исцедокот е природната боја.
Извлекување на заклучоци – 5 минути
Учесниците дискутираат за добиените резултати и даваат свое размислување за тоа кои се
причините поради што ги добивме истите.
Учесниците знаат како да се однесуваат во лабораторија, вклучувајќи ги и мерките
за заштита.
Знаат како да користат општа/основна лабораториска опрема.
Умеат да постават хипотеза за експериментот, да ги разгледаат промените да ги
воочат различните резултати.
Разбираат дека дел од отпадот што се произведува во домаќинствата може
повторно да се употреби.
Ги разбираат дел од методите за екстракција на бои од природни материјали и
сепарација на растворливи и нерастворливи материјали од раствори со отпадни
течности.
Воочуваат дека отпадните води може да се третираат а со тоа и повторни да бидат
употребливи.
По завршувањето на експериментите се добиваат резултати, кои секоја група одделно
треба да ги прикаже (графички, усно, сликовито). По анализата на резултатите кои
учесниците тековно ги запишуваат во тетратка, треба да се споредат истите со поставената
хипотеза пред започнувањето на експериментот и да се издвојат соодветни заклучоци.
Практичната работа при лабораториските експерименти ќе им помогне на учениците дa ги
осознаат научната мисла и критичното размислување. Значајно е да се направи споредба
на резултатите при разлики во влезните параметри за секој поединечен експеримент и да
се следат промените кои настануваат во текот на експериментот.
Заклучоци:
Сумирање на најважните заклучоци од работилницата. По лабораториските експерименти
учесниците ќе разговараат што работеа на истите, кои разлики во процесот ги разгледаа,
што заклучија и каде може да се најде примена во пракса на истите.
Биотехнолошка лабараторија Био – Хак
Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.
Најави се Регистрирај се