ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ И КИСЕЛИ ДОЖДОВИ

ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид

img

Краток опис: Киселите дождови се атмосферски врнежи и наноси кои настануваат со оксидација на азотни, сулфурни и јаглеродни оксиди и формираат како резултат формираат киселини како што се: јаглеродната (H 2 CO 3 ), сулфурната (H 2 SO 4 ), азотната (НNO 3 ) и хлороводородната киселина (HCl). . Создавањето на киселите дождови започнува со ослободување на сулфур диоксидот (SO 2 ) и азотниот диоксид (NO 2 ) во атмосферата како продукти на согорувањето на јаглен и други фосилни горива. Овие оксиди потоа стапуваат во хемиска реакција со кислородот и водата од атмосферата и настанува закиселувањето со формирањето на киселините. Продуктите имаат pH вредност пониска од 5. Влијанието на киселите дождови врз екосистемите е најчесто индиректно, односно штетите кои можат да бидат предизвикани не се директно од киселите дождови туку од процесите кои се одвиваат под нивно влијание. Под влијание на киселите дождови се менуваат биолошките и хемиските карактеристики на почвата и водата во копнените и водните екосистеми. Така, киселите дождови предизвикуваат стрес или доведуваат до изумирање на животински или растителни организми. На пример, кога рН вредноста наближува кон 5.5, планктонот, одредени инсекти и ракови почнуваат да умираат, а ембрионите во икрата на пастрмката не се развиваат и излупуваат успешно. Освен тоа, се намалува и продуктивноста на земјоделските култури и стапките на раст на шумите, а киселите дождови можат да ги отстранат заштитните слоеви од лисјата на растенијата, предизвикувајќи поголема подложност на болести. Воедно, се изменуа растворливоста на тешките метали, како што се олово (Pb) и жива (Hg), но и други метали во вид на катјони, како што се магнезиум (Mg 2+ ) и калиум (K + ), кои се ослободуваат од почвите, карпите и седиментите на површинските води, го ослабуваат растот на кореновиот систем и го загрозуваат опстанокот на растенијата. Киселите дождови може да имаат негативно влијание и врз здравјето на човекот. Таа, може да влијае врз функцијата на респираторниот систем и за човековото здравје, и дигестивниот систем преку внесување на храна. (така што предизвкуваат проблеми со респираторен систем директно, или) индиректно преку внесување на храна). Исто така, киселите дождови имаат негативно влијание врз материјалните добра на човекот, предизвикуваат корозија на градежни материјали со што настанува уништување и распаѓање на градби и скулптури.

Ниво: I, II, III

Времетраење: 180 минути

Код: ТЕР 7.6

Големина на група: 30

Средина: терен и лабораторија

Препорачана сезона: Пролетен и есенски период

Потребни материјали

Материјали и опрема за секоја група ученици:
 pH метар
 ленти за визуелно одредување pH
 индикатор (од црвена зелка)
 пластични шишиња
 лабораториски чаши
 пастерови пипети
 големи петриеви садови
 пластични цевки за сок
 амонијак (детергент со амонијак)
 оцет
 сулфурна киселина (H 2 SO 4 )
 натриум сулфит (Na 2 SO 3 )
 черупки од школки/полжави, лушпи од јајце, ситни водни организми, ливчиња од
водни растенија, ливчиња од цветови
 вода од водни живеалишта
 дестилирана вода
 перманентни маркери
 заштитни очила
 лабораториски мантили или престилки

Детален опис

Вовед:
- Учениците повторуваат за поимите: животна средина, живеалишта, услови во
водната средина, стакленички гасови, кисели дождови
- Презентација на краток филм за настанувањето и влијанието на киселите дождови
Работа на терен:
- Набљудување на природните живеалишта и колекционирање материјал

(организми и вода)
- Мерење на основни физичко-хемиски параметри на терен (температура, pH)
Работа во лабораторија:
- Запознавање со лабораторискиот прибор и инструментите
- Изолирање на живи организми од колекционираниот материјал и запознавање со
природните услови за живот
- Учениците размислуваат како промените во животната средина би влијаеле врз
живиот свет
- Спроведување експерименти со кои се докажуваат промените кои се случуваат во
водата поради загадување на воздухот и влијанието на киселите дождови врз
живите организми
Експеримент бр. 1. Ослободување COշ и негово влијание врз pH на водата
1. Во два сада се додава еднакво количество дестилирана вода и по неколку капки
индикатор и се мери pH
2. Во едниот сад се додава амонијак (за да се постигне базна средина), при што се
очекува промена на бојата.
3. Во вториот сад со помош на пластична цевка полека се дува се додека не се
промени бојата на течноста поради количеството на COշ кое се издишува преку
самата цевка и поради промената на pH на средината кон кисела.
4. Се споредуваат добиените раствори од двата сада и им се мери pH
5. Истиот експеримент се изведува и со водата од живеалиштата
Експеримент бр. 2. Влијание на киселите дождови врз живите организми
1. Две лабораториски чаши до пола се полнат со оцет,
2. Во секоја од чашите се става по една черупка од полжавче/школка или лушпа од
јајце
3. Следува период на набљудување и појава на реакција, што точно ќе се случи со
черупките под влијание на киселината.
Експеримент бр. 3. Влијание на киселите дождови врз живите организми (влијание на
сулфур диоксид, SO 2 )
1. Два големи петриеви садови се означуваат со „контрола“ и „проба“
2. Во двата сада се ставаат ливчиња од водно растение, ливчиња од цветови, ситни
водни организми и по две капки вода како на шемата

3. Едукаторот во центарот на садот означен со „проба“ капнува по неколку капки
сулфурна киселина и натриум сулфит (кои реагираат и при оваа реакција се
ослободува сулфур диоксид) и веднаш го поклопува садот
4. „Контролниот“ сад се поклопува, без да се додадат хемикалиите
5. По 40 минути се отвараат капаците од петриевите садови, со ленти за одредување
pH се мери pH на капките вода во двата сада и се бележат резултатите
6. Се набљудуваат и споредуваат реакциите на животните и ливчињата во двата сада
и се бележат резултатите
Дискусија
- Претставување и бележење на резултатите
- Дискусија за осознаеното

Очекувани резултати

Да ја набљудуваат природата,
• Да мерат на терен одредени физичко-хемиски параметри
• Да колекционираат материјал за различни истражувања,
• Изолирање на живите организми од собраниот материјал и нивно набљудување под
микроскоп,
• Почитување на правила за однесување во лабораторија,
• Изведување експерименти,
• Искусуваат создавање на стакленички гасови (CО շ , SO 2 ),
• Го осознаваат влијанието на стакленичките гасови и киселите дождови врз водата и
живите организми,
• Да бележат резултати добиени од терен и од лабораторија
• Да донесуваат свои заклучоци и да споредуваат
• Искуство со тимска работа.

Презентација на резултати

Резултатите од теренската и лабораториската активност можат да бидат бележани во
табели, или претставени на флипчарт или паметна табла.

Интерпретација на резултати

Учениците, зависно од возраста, се поттикнуваат сами да ги толкуваат резултатите добиени од терен и во лабораторија; сами да поставуваат прашања и сами да донесуваат заклучоци и да одговараат на поставените прашања. При изведување на теренските и лабораториските активности ќе бидат преземени сите
мерки за безбедност при работа

Возрасти

  • VIII одделение

ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се