Краток опис: Учениците ги осознаваат различните типови водни живеалишта, конкретно да се запознаат со барски екосистем и тресетиште и нивните карактеристики на терен, преку набљудување, колекционирање и анализа на собран материјал во едукативниот центар.
Ниво: I, II, III, IV
Времетраење: 180 минути
Код: ТЕР 7.3
Големина на група: 30
Средина: Лабораторија
Препорачана сезона: терен
Микроскоп, Ph-метар, термометар, фотоапарат, пластифицирани слики од животни и растенија, рачни бинокулари прилагодени за телефон, кепчиња или мрежи за колекционирање на ларви и други ситни организми, планктонски мрежи, мрежи за инсекти, пинцети, флакони, детски двогледи за набљудување на птици и предели, лабораториска опрема.
Целта на оваа активност е да учениците се запознаат со жителите на барскиот екосистем, нивната поврзаност и важност, важноста на барата како нивно живеалиште, но и влијанието на надворешните фактори врз опстанокот на ова живеалиште Вовед - 15 min. На почетокот на активностите учениците повторуваат за поимите „животна средина“ и „живеалишта“ и се воведуваат во типот на живеалиштата кои ќе бидат предмет на истражување, добиваат насоки за набљудувањето, начинот на колекционирање на материјалот (Материјали и методи на работа), негова анализа и понатамошното исполнување на задачите (споредување на резултати, дискусија и сл.) Игра на меморија во дворниот простор - 40 min Се спроведува игра на меморија каде треба да се пронајдат и спарат две слики. Сите слики се поставени со опачината нагоре за да не се открие содржината на секоја слика. Со отварање на секоја поединечна треба да се најде парот, доколку не се успее, сликите повторно се вртат и се крие содржината. Парот слики најчесто се состои од слика која ја претставува возрасната, а другата слика јувенилна форма на видот или единката, или пак пар со слика со индивидулна единка и слика со група единки од истиот вид. На пр. жаба и полноглавец, цвет од трска и појас од трски, риба и јајца од риба, итн. Во зависност од возраста на учениците, бројот на парови од слики во оваа игра може да се биде 4, 5, 6, а сликите кои формираат пар може да имаат рамка со иста боја која ќе им помогне на учесниците полесно да го откријат парот, особено што за некои видови немаат доволно познавања како за изгледот но и за подмладокот, или за формата на цветот. На пр., сликите од жабите и полноглавецот да имаат зелена рамка, сликите со појасот трска и нејзиниот цвет - кафеава, итн. За повозрасните учесници може да се исклучи рамката и секако да се зголеми бројот на парови и слики, со воведување на нови какарктеристични видови растенија и животни за ова живеалиште. Играта на меморија е препорачливо да се во пар или во две или повеќе групи. Започнува првата група која отвара по избор една слика, а парот треба да го откријат другите ученици од истата група. Дозволено е само едно отварање на сликите. Доколку обидот на откривање на парот на слики е неуспешен, сликите повторно се завтораат и со играта продолжува следната група. Доколку обидот е успешен, групата продолжува со отварање на следен пар. Резултатите се запишуваат на таблата во дворот. Фотографиите од оваа игра исто така може да се искористат за да се изработи и претстави синџир на исхрана. Се поттикнуваат да претстават барем еден синџир на исхрана. По завршување на играта на меморија, учениците го посетуваат малиот барски ексосистем во дворот на Центарот. Набљудуваат постоечки растителни и животински видовите, и ги споредуваат со видовите кои ги забележале на фотографиите од играта на меморија. Може да се спроведат активности за колекционирање на материјал од барата со помош на игли, пинцети а со помош на лупи, да се изолираат покрупните претставници од флората и фауната. Собраниот материјал може да се набљудуваа и во лабораториски услови на бинокулари. Учениците учат да ги распознаваат различните групи, нивна поврзаност и значење. (Опционално) Реализација во Лабораторија - 40 min Во зависност од возраста и интересот на најмладите учениците, доколку е колектиран материјал од барскиот екосистем во дворот на Центарот, може да се спроведе дополнителна активност каде учениците ќе го набљудуваат и анализираат материјалот детално под микроскоп во лабораторијата на Центарот. Дискусија, претставување и споредување на резултатите или тестирање на осознаеното – 10 min Дискутираат за карактеристиките на барскиот екосистем. Се анализираат и се споредуваат фотографиите на видовите, а преку дискусија учениците донесуват заклучоци од истражувањата и се изнесуваат заклучоци од набљудувањето. По завршување на набљудувањето на малиот барски екосистем, учениците дискутираат за живиот свет и за видовите од малата бара, за нивните карактеристики, но дискутираат и за отсуството на некои видови. Се бараат причините и одговорите на поставените прашања. Преку овие работилници, учениците се запознаваат со карактеристиките на растителниот и животинскиот свет кој живее во барата и нивните разлики.
• Да ја набљудуваат природата и евидентираат физички фактори, притисоци и закани, влијание на човекот • Да идентификуваат различни макроскопски видови животни и растенија кои живеат во и покрај барскиот екосистем • Да мерат одредени физичко-хемиски параметри на водни екосистеми • Да колекционираат материјал за различни истражувања • Да ги изолираат и групираат микроскопските живи организми во собраниот материјал и да ги набљудуваат под микроскоп • Сликовито да ги претставуваат каратеристиките на евидентираните живи организми во барскиот екосистем • Да бележат резултати добиени од терен и анализа во лабораторија и истите да ги анализираат и споредуваат • Учениците ја воочат важноста на овој тип на водени живеалишта • Учениците да идентификуваат потреба од грижа и заштита на овие екосистеми • Учениците ја воочат важноста на влијанието на климатските промени врз овој тип на водени живеалишта
Од учениците ќе се очекува на крајот од работилницата и активностите да знаат да го опишат живеалиштето и неговите физички карактеристики, да дискутираат за условите во живеалиштето кои ги констатирале врз основа на своите истражувња, да имаат збогатени знаења за живиот свет (птици, водоземци, влекачи, блатни и водни растенија, микоорганизми) во овој тип на живеалиште, да ја идентификуваат важноста од посотењето на овие живеалишта, да го воочат влијанието на климатските промени врз функцијата на овој тип на живеалиште.
Теренското набљудување и мерење, како и анализите во лабораторија им помагаат на учениците сами да ги осознаат условите во животната средина, како и животните заедници во истражуваното живеалиште. Се разговара и се повторува за веќе научените поими: животни услови, синџир на исхрана, плен-предатор и сл.
Едукативен центар за зачувување на природата - Негрево
Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.
Најави се Регистрирај се