МЛАДИ РЕНЏЕРИ

Националeн парк Галичица

img

Краток опис: Животната средина нè спојува сите нас. Сите ние го дишеме истиот воздух, растеме и живееме под истото сонце и имаме еден заеднички дом – планетата Земја. Животната средина на секој организам ја образуваат разновидни надворешни услови во местото на неговото живеење, создадено од нежива и жива природа. Тие услови постојано делуваат врз организмите и во зависност од нивното дејство секој организам мора постојано да реагира во помала или поголема мера. Сите влијанија од надворешната средина делуваат врз организмите и се означуваат како еколошки фактори, а тоа се температура, влажност, сончева светлина, кислород, јаглерод диоксид и сл. Голем дел од површината на Земјата покрива почвата која е мешавина од минерали и органски материјал. Без почва, најголемиот дел од животот на Земјата не би можел да преживее. Почвата се состои од неколку слоеви: A хоризонт (А00, А0, А1,А2), Б хоризонт и Ц хоризонт. Почвата обезбедува место за растење на растенијата и обезбедува дом за многу животни и други живи суштества. Големиот број на видови на растенија, животни, габи и микроорганизми се означуваат како бидоиверзитет. Освен живи организми под биодиверзитет се подразбира и сите видови на екосиститеми и живеалишта. Климатските промени се сериозна закана за биолошката разновидност бидејќи Животната средина нè спојува сите нас. Сите ние го дишеме истиот воздух, растеме и живееме под истото сонце и имаме еден заеднички дом – планетата Земја. Животната средина на секој организам ја образуваат разновидни надворешни услови во местото на неговото живеење, создадено од нежива и жива природа. Тие услови постојано делуваат врз организмите и во зависност од нивното дејство секој организам мора постојано да реагира во помала или поголема мера. Сите влијанија од надворешната средина делуваат врз организмите и се означуваат како еколошки фактори, а тоа се температура, влажност, сончева светлина, кислород, јаглерод диоксид и сл. Голем дел од површината на Земјата покрива почвата која е мешавина од минерали и органски материјал. Без почва, најголемиот дел од животот на Земјата не би можел да преживее. Почвата се состои од неколку слоеви: A хоризонт (А00, А0, А1,А2), Б хоризонт и Ц хоризонт. Почвата обезбедува место за растење на растенијата и обезбедува дом за многу животни и други живи суштества. Големиот број на видови на растенија, животни, габи и микроорганизми се означуваат како бидоиверзитет. Освен живи организми под биодиверзитет се подразбира и сите видови на екосиститеми и живеалишта. Климатските промени се сериозна закана за биолошката разновидност бидејќи видовите еволуирале за да живеат на определена клима и честопати не можат да се адаптираат на повисоките температури, почестите суши и поекстремните временски настани. Токму поради овие сложени односи во екосистемите, миграцијата или исчезнувањето на некој вид неизбежно ќе ги изложи на ризик останатите видови. Националниот парк Галичица претставува „жариште“ на биолошката разновидност во Европа, но и пошироко, во глобални рамки. Паркот се издвојува од другите подрачја со слична големина по исклучителното богатство на живеалишта и видови на релативно мала територија. На површина од 24 150 ха, се среќаваат повеќе од 36 типови живеалишта, 39 растителни заедници, околу 1 600 таксони од васкуларните растенија, над 143 видови лихеноидни габи, повеќе од 480 видови габи и преку 3 230 таксони од фауната. Поминувањето време во природа и посета на заштитените подрачја овозможува кај учениците полесно да ги запознаат природните и културните вредности, да ги усовршат своите сетила и да научат да ги користат. Децата сакаат да излегуваат, да откриваат нови работи, да истражуваат и да ги користат нивните сетила за пронаоѓање. Поради несодтиг на еколошка едукација учениците не се доволно запознаени со правилата на однесување во едно заштитено подрачје, дозволени и забранети активнсоти, како и работата на вработените. Доста важни за заштитени подрачја се чуварите на паркот кои се постојано на првата борбена линија за заштита на природните и културните богатства на нашата планета. Нивната работа е исполнета со многу возбудувања и понекогаш и непријатни случувања. Работата во природа претставува уживање, но изискува и голема спремност и справување со секакви ситуации.

Ниво: II

Времетраење: 180 минути

Код: ТЕР 7.4

Големина на група: 30

Средина: Лабораторија

Препорачана сезона: терен

Потребни материјали

Формулар, моливи, GPS уреди, термометар, хигрометар, анемометар, клупа, мали ашови, садови со различен тип на почва, модел на почва, пинцети, лупи, мали камерчиња за на телефон, чашки, петриевки, кутии, ентомолошка мрежа, ентомолошки чадор, епрувети, флакони, сликовит прирачник (детерминатор), хартија за препарирање, преса, микроскоп, растегнувачи за пеперутки, иглички за препарирање инсекти, алкохол 70%, беџови, капи, формулар, двоглед, камери за на дрво.

Детален опис

• Сите учесници спроведуваат следење (мониторинг) на претходно одбрани видови во одредено живеалиште и користат формулари за евидентирање • Сите ученици земаат потребни податоци за опис на локалитет • Сите ученици ги користат сетилата во природа • Презентираат/дискутираат задачи и улога на ренџерите и правилата на однесување во НПГ • Дел од учесниците се во улога на ренџери на паркот, туристи и лица кои не • Сите учесници спроведуваат следење (мониторинг) на претходно одбрани видови во одредено живеалиште и користат формулари за евидентирање • Сите ученици земаат потребни податоци за опис на локалитет • Сите ученици ги користат сетилата во природа • Презентираат/дискутираат задачи и улога на ренџерите и правилата на однесување во НПГ • Дел од учесниците се во улога на ренџери на паркот, туристи и лица кои не почитуваат правила • Учесниците организираат сценарија за претставување на односот на ренџерите кон различен тип посетители Потребно време на подготовка 15 минути. Потребно време за реализација 1 час и 30 минути. На учениците ќе им се зададе формулар кој треба да го пополнат. Учениците со користење на GPS уред ќе земат координати од локалитетот и надморска висина. Учениците со користење на клупа ќе го измерат дијаметарот на стеблото и ќе утврдат дали се работи за стара или млада шума. Учениците со користење на термометар и хигрометар да измерат температура на почва и влага. Учениците со користење на анемометар ќе ја измерат брзината на ветрот. Учениците доколку забележат некој растителен или животински вид во локалитетот каде што се наоѓаат ќе го внесат во табелата и ќе го напишат неговото име, тип, фамилија и бројност. На децата им се задава модел од почва со шематски прикажани слоеви на почвата. Учениците ќе биде потребно да ископаат длабоко парче земја и да воочат за каков тип почва станува збор и според моделот на почва да воочат колку слоеви на почва има кај примерокот кој го зеле. Учениците движејќи се по едукативната патека ќе истражуваат заедно со едукаторот и ќе колекционираат растителни и животински видови, а потоа во лабораторија ги анализираат и детерминираат на бинокулар со помош на сликовити детерминатори наменети за нивна возраст. Со користење на преса ги хербаризираат растенијата, а инсектите ги препарираат на растегнувач и на соодветна подлога со иглички за препарирање. Учениците користејќи ги сетилата ќе имаат одредена листа на предмети кои ќе треба за кратко време да ги пронајдат околу едукативната патека. На учениците на крај им се задава улога на млади ренџери и им се доделуваат беџови, капчиња, двогледи. Заедно со претставник од ренџерите поставуваат камера на едно дрво, набљудуваат со двоглед, собираат отпад, означуваат неправилности доколку има на локалитетот

Очекувани резултати

• Учесниците се ориентираат во простор со користење на основни параметри. • Учесниците идентификуваат видови и живеалишта. • Учесниците идентификуваат природни и културни вредности на НПГ. • Учесниците се справуваат со различен тип на посетители. • Учесниците ги воочуваат причините и потребите за постоење на ренџерската служба.

Презентација на резултати

Фотографии, споредба на живеалишта, број на видови, пополнети формулари, споредба и анализа на резултати, приказ на резултатите. Споредба на резултати од различни живеалишта и објаснување на причините за постоење на различни живеалишта. Споредба на улогите (ренџер, турист и посетител и др.) во однос на дозволени и недозволени активности во национален парк.

Интерпретација на резултати

• Потребно е учениците да знаат каде се наоѓаат, да може да имаат ориентација во простор, да знаат дека различни видови преферираат различни станишта, да знаат да разликуваат хабитати и да се запознаат со специфичните потреби на видовите. • Апел до населението и јавноста за потребата од заштита заради уникатната природна вредност, следење на присуство /отсуство на видови кои биле регистрирани во минатото. • Ренџерската служба помага во непосредна заштита на паркот и секогаш работи во интерес на граѓаните.

Возрасти

  • IV одделение
  • V одделение
  • VI одделение

Националeн парк Галичица


ВАЖНО

Најавете се за да можете да ги видите слободните термини и да закажете работилница.

Најави се Регистрирај се