Соочени со заканите од климатските промени, промовираме природни науки преку искуствено учење, едуцираме за одговорноста за заштитата на животната средина и придонесуваме за подобрување на образованието во Македонија.
Мрежата за искуствено учење е посветена на промоција на природните науки преку методите на искуствено учење и едуцира за одговорноста во заштитата на животната средина, придонесувајќи кон подобрување на формалното образование во земјата. Со својата едукативна програма таа отвора можности за учениците и наставниците од државата искуствено, директно на терен или во современо опремени лаборатории да се запознаат со постоечкиот биодиверзитет, со специфичните живеалишта за одредени подрачја, да се запознаат со нивната важност и со тоа како климатските промени влијаат врз нивниот опстанок.

Тематските едукативни работилници, кои се јадрото на оваа едукативна програма, ги обезбедуваат сите потребни материјали и средини во кои учениците стекнуваат практични знаења и вештини, водени низ активностите од страна на едукатори обучени за работа со методи на искуствено учење.
Основачки членки на МИУ се Ботаничката градина при Природно- математичкиот факултет Скопје, Националниот парк Галичица, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, Народна техника Скопје, Едукативниот центар за заштита на природата, село Негрево, Биотехнолошка лабораторија од Скопје и Македонското еколошко друштво.
Проектот за воспоставување на Мрежата го спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД), во координација со канцеларијата на УНИЦЕФ за Република Северна Македонија со обезбедена финансиска поддршка од шведската агенција за меѓународна развојна соработка СИДА.