- 10. Октомври 2024 10:40
Едукативни Работилници за Чиста животна средина: Искуства на Учениците од ООУ"Гоце Делчев"-Свети Николе
Едукативни Работилници за Чиста Иднина: Искуства на Учениците од Св. Николе
Работилниците од Мрежата за искуствено учење miu.mk продолжуваат и оваа учебна година. Учениците од осмо и деветто одделение на ООУ „Гоце Делчев“ во Св. Николе, заедно со нивните наставнички Елеонора и Катерина, активно учествуваа во истражувања.
Во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево, работилниците беа фокусирани на едукација за квалитет на воздух. Учениците, организирани во групи, спроведоа експерименти и сами стигнаа до заклучоци, поврзувајќи ги резултатите со реалната животна средина.
Разговараа за мерки кои можеме да ги преземеме за намалување на емисиите на СО2 и другите стакленички гасови. Се истакнаа важноста на користење обновливи извори на енергија, јавен превоз, возење велосипеди и тротинети, рециклирање, засадување дрвја и грижа за шумите и зелените површини.
Учениците мереа и споредуваа параметри за квалитет на воздух на различни локации: во урбана и рурална средина, во затворен простор и во природа, што им овозможи длабочинско разбирање на проблемите и решенијата во врска со загадувањето на воздухот.