- 4. Ноември 2024 11:48
"Искуствениот модел на учење: Мартин и неговиот позитивен импакт"
Мартин, како еден од инструкторите во рамките на Мрежата за искуствено учење, директно придонесува кон трансформирање на образовниот систем и нашата иднина.
Тој ја приближува науката до децата, покажувајќи им одблиску важни процеси во природата и на тој начин ги инспирира да ја чуваат и штитат.
Повеќе од 4.000 деца од земјата до сега имале можност да бидат дел од обуките на Мрежата за искуствено учење, финансирана од Шведска и имплементирана од УНИЦЕФ.