img
  • 18. Септември 2024 20:24

ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА

👩Учениците 7️⃣-мо одделенци, од 🏢ОУ "Братство Единство" - Лескајца, денеска во улога на #ЕКОАМБАСАДОРИ.
📚Во рамки на #проектот "Воспоставување Мрежа за искуствено учење и спроведување на првата годишна програма за едукација за животната средина и климатски промени", спроведуван од #МакедонскоEколошкоДруштво, во координација со канцеларијата на #УНИЦЕФ за Р. С. Македонија, со обезбедена финансиска поддршка од шведската агенција за меѓународна развојна соработка #СИДА, денеска во просториите на НП #Галичица во #Охрид, се започна со спроведување на едукативните активности за #искуствено #учење.
📝Работилницата "Екоамбасадори", предводена од едукаторите Ангела Тасеска и Катерина Ническа од НП Галичица содржеше неколку активности, долж едукативната патека "Галичица на дланка".
 

🟠Што правевме❓️❓️❓️

 
🟥Активност "Опис на простор"🟥
🔸️Внесување име на локалитет
🔹️Земање GPS координати и надморска висина
🔸️Мерење температура, брзина на ветар и влажност
🔹️Мерење дијаметар на стебла
🔸️Истражување, утврдување на видово разнобразие во истражуваниот локалитет.
🟧Активност "Потрага по екотрофеј"🟧
▪️Будење на сите сетила кај учениците
🟩Активност "Во улога на млади ренџери"🟩
▪️Утврдување неправилности во НП Галичица
▪️Осознавање како треба да се однесуваме во национален парк
▪️Што треба да понесеме кога одиме во природа
🔺️Активностите во рамки на Мрежата за искуствено учење продолжуваат 🔜 и во идниот период, а сите заинтересирани наставници и професори може да ни пишат на нашата #facebook страна.
🌞Погледнете како си го поминавме денешниот ден☀️
 

img