img
  • 24. Септември 2024 16:36

"Светски ден без автомобили".🚗

🌍 22 Сепрември во еколошкиот календар е запишан како "Светски ден без автомобили".🚗
🚲По тој повод во организација на Општина Пехчево, Едукативен центар за зачувување на природата с.Негрево и ООУ"Ванчо Китанов"- Пехчево се организираше настан "Возење на велосипед" во централното градско подрачје со едукација за квалитет на воздухот.
🚘Автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот. Тие испуштаат гасови што се многу штетни за здравјето на луѓето и влијаат на целата животна средина. За да се заштити околината од штетните издувни гасови како и од големата бучава што ја создаваат, одберете алтернативен начин на превоз секогаш кога ќе бидете во можност.
📚🔍🔬Настанот беше со подршка и промоција на "Мрежата за искуствено учење" miu.mk , која е заедница на научно-едукативни установи во областа на природните науки воннаставни активности за ученици од основните и средните училишта. Проектот "Мрежа за искуствено учење" го спроведува Македонско еколошко друштво во координација со UNICEF MK финансиран од Embassy of Sweden in Skopje (SIDA).
Преку овој проект ЕЦ обезбеди сензори кои со апликација за мобилни телефони се поврзани и мерат квалитет на воздух и сензори за квалитет на вода. Денес пред учесниците на настанот беа презентирани и измерени индекси за квалитет на воздух.
🚲🛴🛹 🌍Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да размислуваат за еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.♻️https://www.facebook.com/EdukativenCentarNegrevo

img